Крема со мед за груба и испукана кожа

Од многу одамна се познати позитивните нутритивни и лековити ефекти кои ги има свинската маст. Во комбинација со чудесните својства кои ги има медот, се добива одлична, еколошки чиста и многу здрава крема за негување на груба, сува, испукана и оштетена кожа. Кремата се нанесува еднаш до два пати дневно, а резултатите се забележуваат за краток период.

Потребни состојки:

-100 грама свинска несолена маст

-50 грама мед

Маста и медот се ставаат во сад и се мешаат со пластична или дрвана лажица. Смесата се меша додека двете состојки не се соединат целосно и не се добие хомогенизирана маса. Кремата се става во пластична кутија или стаклена тегличка и добро се затвара. Се чува на температура на која кремата нема да се растопи.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

2 коментари

  1. Bi zamolila dokolku mozete da mi dadete informacija za da nabavam kvalitetna oprema za da bez strav mozam da rabotam i vlezam vo pcelarnk.Mislam na kombinezon megutoa navistina mislam na kvalitet a ne nesto lito kako sto se nudi na nekolku mesta.

    Odnapred blagodaram

    Olivera

  2. Здраво Оливера.

    За жал кај нас не постои некоја поснабдена и поопремена мега пчеларска продавница каде ќе најдете екстра квалитетен пчеларски комбинезон. Обично униформите, капите и сличната опрема за работа на пчеларник се од српско или турско производство, но одлично си ја вршат работата.

    Што се однесува до стравот, воопшто не треба да го имате кога влегувате или работите на пчеларник. Токму поради тоа и пчелите се агресивни. Пчеларска блуза и ракавици се сосема доволни за нормално функционирање на пчеларот меѓу пчелите. И секако почитувајте ги основните правила при преглед на пчелите: прегледувајте ги при убаво и мирно време, задимете само кога има потреба, работете смирено и полека, без паника, бидете сигурни дека имаат доволно храна и здрава матица. Ако пчелите и покрај ова се претерано агресивни, променете ја матицата на тоа семејство. Ако сте почетник и немате доволно искуство и немате можност тоа да го направите сама, постојат неколку пчеларски репро-центри од каде ќе набавите квалитетна и селекционирана матица. За секоја нејаснотија или дилема консултирајте некој искусен пчелар. Сигурно ќе ви помогне.

    Поздрав и медно!