Laurus nobilis

Ловорот обезбедува полен, нектар, но штити и од вароа

Ловорот (Laurus nobilis) е билка која егзистира во услови на медитеранска клима. Тоа е повеќегодишна зимзелена билка, со тесни, зашилени и паренхиматозни листови. Расне во облик на грмушка или дрво во висина од околу 10 метри. Листовите содржат етерични масла поради кои ова растение има пријатен мирис. 50% од етеричните масла отпаѓа на цинеолот, а остатокот од маслата го сочинуваат метилеугенолот и терпинацетатот. Цветовите на ловорот се дводомни, групирани се во соцветија и се бледо-жолто обоени. Плодовите се во вид на бобинки со модра боја.

lovor

Ловорот цвета од почетокот на април до средината на мај. Пчелите со задоволство ги посетуваат цветовите богати со полен и нектар. Поради физиологијата на цветовите, само машките цветови на ловорот продуцираат полен, додека нектарот го има и кај машките и кај женските ловорови цветови. Карактеристично за поленот од ловор е што тој содржи поголем процент на вода (над 30%). Поради специфичната анатомија на цветовите, нектарот го има само во периоди на убаво и мирно време, во спротивно ветровите, дождот или силното сонце делуваат неповолно врз цветовите и брзо го отстрануваат нектарот од нив. Поради одбранбените обиди на ловорот да го заштити и да го сочува нектарот од лесното испарување, нектарот може да има различна вискозност, понекогаш е премногу вискозен, а понекогаш содржи и молекули на пектин поради што значително може да биде отежнато испарувањето на водата во текот на зреењето на медот. Во регионите на Медитеранот каде се добиваат поголеми количини на мед од ловор, медот се карактеризира со зеленкаста боја со златен сјај, леплив е повеќе од останатите видови на мед, при вкусување е многу сладок, но се чувствува горчлива нота, а оддава мирис на згмечени свежи зелени листови со примеси на мирис на лимон.

Есенцијалното масло, дериват на листовите на ловорот се покажало како успешно средство за еколошка борба против вароата. Уништувањето на вароата со успех од  71% е показател дека во иднина сериозно треба да се смета на есенцијалното масло од ловор во борбата против крлежите. Маслото од ловор има уште една успешна примена во пчеларството-ефикасно делува против восочните молци. Во лабораториски услови биле елиминирани дури 95% од молците. При третманите со ловорово масло не се забележани никакви штетни последици по пчелите.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Погледни ги копчињата
Сокриј ги копчињата