Мед со злато за златен бизнис

Во време кога да се има универзитетска диплома не значи гаранција за наоѓање соодветно вработување и обезбедување на економски просперитет, потребно е да се смисли нешто иновативно, несекојдневно и различно, што ќе гарантира успех на пазарот и напредок на бизнисот. Вака размислувале Јианис Карипидис и Стевија Теодору, млад брачен пар од Грција, кои решиле да се откажат од своите работни места и да ја основаат пчеларската компанија Стејиа Фарм.

„Кога нешто искрено се сака, тогаш ништо не е тешко. Тоа што сега работиме во област, која е сосема различна од она што го студиравме и што се впуштивме во убавините на природата, не е случајно. Нашиот бизнис се базира на пчеларска фарма успешно одржувана и со традиција три генерации наназад. Имаме долгогодишно искуство во оваа област и со голема љубов работиме во пчеларството“-велат младите претприемачи.

Нивниот главен производ, по кој е препознатлива и нивната компанија е позлатениот мед. Позлатениот мед е добиен од мед од мајчина душичка на кој му се додадени ултра тенки и мали ливчиња од 24 каратно злато. Велат дека ваквиот мед има силно антиоксидантско дејство и ги елиминира слободните радикали и нивните негативни ефекти.

„Се обидовме да создадеме производ базиран на квалитет, но и производ кој ќе биде уникатен. За да го добиеме медот со злато, ги споивме квалитетот и луксузот. Медот е висококвалитетен и добиен е од нашите пчеларници, а златото е со чистота од 24 карати. Обрнавме и особено внимание на дизајнот на производот и на неговата етикета“-вели Јианис.

Нивната компанија, освен медот со златни ливчиња, засега произведува и на пазарот пласира уште 11 уникатни производи. Меѓу нив се медот со шафран, шумскиот мед со лут црвен пипер, медот со цимет, ладно цедено маслиново масло и др.

Целта на младите бизнисмени е да ги распространат нивните уникатни производи насекаде во светот. Засега позлатениот мед може да се најде во маркетите во САД, Велика Британија, Франција, Холандија и Швајцарија. Во овие држави позлатениот мед во пакување од 250 грама се продава по цена од 35-50 евра.

Извор

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.