az. str.

Месојадна билка сојузник на пчелите во борбата против Азискиот стршлен

Азискиот стршлен, една од актуелните сериозни закани по пчелите, се повеќе се распространува во регионите во западна Европа. Во битката за спречување на неговото ширење, пчелите и човекот добиваат уште еден сојузник-месојадното растение Сараценија.

saracenija svareni strsleni

Сварени Азиски стршлени во стеблото на Сараценија

Раководителот на ботаничката градина во Нант, Франција, Ромарик Перошо, открил дека Сараценијата ужива да се храни со единки на Азискиот стршлен. Тој вели дека нашол стебло на Сараценија полно со мртви и сварени стршлени. Стршлените, примамени од феромоните и нектарот на Сараценијата, поради специфичната градба на билката навлегуваат подлабоко во нејзиниот цвет со што стануваат лесен залак за растението. Цветот се затвара, а инсектот се потиснува во стеблото каде следува процесот на дигестија. Бидејќи оваа билка потекнува од САД каде го нема Азискиот стршлен, научниците сметаат дека ова е некаква европска адаптација на Сараценијата.

Една месојадна билка има околу 15 цветови кои можат да привлечат и уловат и над 50 стршлени. Но со оглед на тоа дека во едно гнездо на Азиски стршлени може да има и 4000 единки, ефектот од Сараценијата и не е така голем. Затоа се размислува на распространување на растението во регионите каде се забележува присуството на стршленот, а фактот дека билката не претставува конкуренција и закана по останатата флора го прави овој потфат поедноставен.

saracenija

Цветови на Сараценија

Интересно е тоа што феромоните и секретите на Сараценијата не ги привлекуваат европскиот стршлен, осите, и пчелите, што е причина одредени експерти да се насочат кон испитување на составот на феромоните со цел создавање на стапици и уништување на оваа сериозна закана по пчеларството, а во некои случаи и по човековиот живот.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Погледни ги копчињата
Сокриј ги копчињата