coloss logo2

Објавени резултатите на COLOSS за зимските загуби на пчелни семејства

Здружението за превенција на загубите на пчелни семејства, COLOSS (Prevention of honey bee COlony LOSSes), ги објави резултатите од анкетните прашалници пополнети од пчеларите низ Европа и некои земји од Африка, а чија намена беше да се откријат ризиците и факторите за загубите на пчелните семејства во 2014/2015 година. Беа собрани податоци од 31 држава, меѓу кои и од Русија, Украина и Египет кои за прв пат беа дел од оваа анкета. Македонските пчелари веќе неколку години редовно учествуваат во пополнување на прашалниците и во креирањето на појасна слика за угинувањето на пчелните друштва на територијата на Европа и пошироко. Вкупно 23.234 пчелари беа дел од меѓународното испитување и обезбедија податоци за загубите, смртноста и забележаните промени на своите пчеларници во текот на зимата 2014/2015 година. Оваа бројка на пчелари-учесници во анкетата, менаџира со 469.249 кошници со пчели. Од оваа бројка, 67.914 пчелни семејства угинале во текот на зимскиот период, а 3% угинале по завршувањето на зимата од разни причини и проблеми поврзани со матиците. Анализата на резултатите покажува дека зимските загуби во голема мерка можат да варираат во различни држави. Така, во Норвешка загубите се 5%, додека во Австрија се движат до 25%. Најголем процент на смртност забележан е во Белгија и изнесува нешто повеќе од 36%. Просечната стапка на загуби изнесува 17,4%, што е двојно повеќе од минатата година.

coloss zagubi

Од околу 3.000 пчелари во Република Македонија, во анкетата оваа година учествуваа 190 пчелари со 13.847 зазимени пчелни семејства, а пријавените 752 угинати пчелни семејства покажуваат дека просечна стапка на пчелни загуби на територијата на нашата држава за зимата 2014/2015 година изнесуваат 5,43, стапка на смртност која заедно со бројката на загуби во Норвешка, Литванија, Израел и Велс ја става Република Македонија во петте земји со најнизок процент на зимски загуби. Секако дека многу различни параметри влегуваат при калкулацијата на загубите, но со оглед на тоа дека навистина имаше многу ниска смртност кај пчелите оваа зима, овие параметри за нашата земја слободно можат да ја отсликаат состојбата со зимските загуби во македонските пчеларници.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Погледни ги копчињата
Сокриј ги копчињата