Памукот е значајна медоносна билка, штета што ја немаме

Памукот како индустриска култура е сè повеќе баран на светските пазари. Наоѓа примена во индустријата за производство на масло за исхрана, во текстилната индустрија, во индустријата за производство на сточна храна, а како растение кое се карактеризира со добра продукција на нектар, значајно е и во пчеларското производство. За разлика од минатото, односно во 70-тите години на ХХ век кога памукот кај нас бил застапен на површина од околу 10 000 хектари, денес е посеан само на десетина хектари. За разлика од кај нас, во Грција под памук се наоѓаат површини од околу 240 000 хектари, и во тамошните региони памукот претставува сериозна пчелна паша и добар извор на нектар и полен. На сериозни приноси на мед од полињата со памук, можат да сметаат и во Египет, Судан, САД, Сирија, Португалија, Шпанија, Кина и др.

Памукот во нашиот регион цвета од средината на јули до септември. Карактеристично за цветот на памукот е што има екстрафлорални нектарии кои започнуваат со лачење на нектар уште додека цветот не е целосно отворен, а нектарењето потоа продолжува и кога цветот е отворен и трае се додека цветот не зарумени. За да го наполни медниот желудник со нектар, една пчела треба да посети околу 100 цветови на памук. Бидејќи памукот е растение за чие одгледување се користи поголемо количество на вода, медот од него е светол, редок, без посебно истакната арома и брзо кристализира. Поради брзата кристализација на медот од памук, овој мед не е пожелен во кошницата со зазимени пчели.

med-pamuk

мед од цветови на памук

Памукот се покажал и како добар извор на полен, но памуковиот полен има ниска протеинска вредност, па кога пчелите имаат можност да посетуваат други растенија кои истовремено лачат полен, површините со памук остануваат запоставени.

Употребата на пестициди врз насадите со памук, може да биде причина за масовно труење на пчелите, па сè повеќе се води сметка за изнаоѓање на алтернативни начини за заштита на насадите со памук, едуцирање на одгледувачите на памук за термините на прскање, како и навремено известување и предупредување на пчеларите доколку се употребуваат одредени хемиски препарати.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.