ПВЦ кошница-маркетинг или футуристички чекор

Секоја иновативност во било која област, а особено во пчеларството се прифаќа со голема внимателност. Таков е и примерот со оваа пластична кошница, прво поради иновативниот и невообичаен дизајн, а потоа и поради материјалот од кој таа е направена. Но, пчеларите кои го искусиле пчеларењето со оваа кошница велат дека за кусо време оваа кошница ја стекнала нивната доверба и дека пчеларењето со неа е вистинско уживање.

Пластичната кошница е производ на грчката фирма Анел. Се работи за кошница целосно изработена од пластика. Дури и рамките и сатните основи се пластични. Пчеларите велат дека оваа кошница е долготрајна, а не се потребни никакви бои и лакови за импрегнација и надворешна заштита. Кошницата се продава во 5 различни бои.

Капакот на кошницата овозможува добра заштита, а специјалниот дизајн прави  дождовницата да паѓа подалеку од кошницата, што овозможува таа постојано да биде сува. Отворот за сипување на сируп сместен на капакот е одлична идеја за полнење на пластичната хранилка со сируп, без при тоа да се отклопуваат пчелите. Чепот со мрежаст отвор на капакот придонесува за подобра вентилација во кошницата.

Отвор со функција на лето и вентилација има странично на секој спрат од кошницата. Спратовите идеално налегнуваат еден врз друг и се доста лесни за кревање и манипулација. За тоа придонесуваат и вградените пластични рачки.

Подницата е со пластична мрежа и овозможува идеална вентилација. На подницата се регулаторите на летото, разни чешли и многу додатоци, кои со својата функционалност ја зголемуваат позитивната оценка на оваа кошница. Истото важи и за преградните даски, матичните решетки, мрежите за собирање на прополис и др. Како дополнителна опрема кон оваа кошница доаѓа и специјално дизајнираното стојалиште кое спречува наезда од мравки и други инсекти во кошницата.

Грчките пчелари велат дека засега пчелите во оваа кошница многу добро се развиваат. Тие се задоволни од нејзините перформанси, но велат дека за да размислат за нејзино комплетно воведување на пчеларниците, ќе треба да почекаат неколку сезони, за да го видат и „мислењето на пчелите“.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.