„Пчеларски ден – знаење и дружење“ во организација на MacBee

Македонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела – MacBee, ги поканува сите заинтересирани да го посетат  настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“.  Настанот кој е во организација на MacBee, освен едукативниот карактер, ќе биде и можност здружението MacBee транспарентно да ги запознае македонските пчелари со своите активности.

Настанот ќе се одржи на 20 декември 2015 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Централна тема на „Пчеларски ден – знаење и дружење“ ќе биде предавањато на проф. д-р Никола Кезиќ, посветено на болестите на пчелите и практичното пчеларство. Проф. д-р Кезиќ, долгогодишен професор на Земјоделскиот факултет во Загреб, Хрватска, кој важи за еден од најреномираните научни работници во пчеларството на Балканот и во Европа, со сигурност ќе го задржи вниманието на посетителите на настанот.

Комплетната програма на „Пчеларски ден – знаење и дружење“, како и начинот на пријавување на учеството, погледнете ги во флаерот – соопштение за „Пчеларски ден – знаење и дружење“.

Превземено од www.macbee.org

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.