queen_2-600x600

Руски пчели за спас на пчеларството на САД

Американските пчелари со носталгија се потсетуваат на времето од пред дваесетина години, кога вкупниот број на пчелни кошници бил околу 6 милиони и САД произведувале мед дури и за извоз. Денес, пчеларат со 2,6 милиони кошници, а САД се приморани да увезуваат голем процент на мед за домашна потрошувачка.

Главниот причинител за драстичното смалување на бројот на пчелни семејства е вароата. Пчеларите во очај, пробувале да го уништат крлежот со најразлични средства и препарати. Но, на овој начин нанесувале штета и врз пчелните семејства, ослабувајќи ги и спречувајќи им ја способноста на пчелите сами да создаваат отпорност и адаптација кон одредени болести, временски услови и паразити. Со претераното користење на хемиските препарати предизвикувале резистентност кај вароата, па затоа борбата во која главно оружје е хемијата, пчеларите од САД сè повеќе ја губат.

Поради тоа, некои пчелари спасот од штетите кои секоја година им ги нанесува вароата, го гледаат во Русија. Многу пчелари комерцијално започнале да населуваат кошници со пчели од Русија, односно од регионот Приморски Крај, сметајќи дека оваа пчела е во голема предност во однос на отпорноста кон вароа, поради тоа што и крлежот и пчелата потекнуваат од ист регион. Д-р Том Рајндерер, иницијатор на целиот проект, после долгогодишно преговарање и убедување со владите на САД и на Русија, успеал да донесе и инсталира неколку експериментални руски матици. Во текот на испитувањата на резистентните особини забележал дека овие пчели генетски ја имаат способноста за отстранување и елиминирање на вароата, не само од своето тело, туку и од заразените кукли. Поради оваа причина, руската пчела започнала да се шири низ американските пчеларници. Но, за да не се изгуби генетската чистота на пчелите и нивната ценета особина, а знаејќи го тешкиот начин на кој пчелата е увезена во САД, матиците се спаруваат во одредени региони преплавени со трутови од оваа пчела. Пчеларите се обврзани и на редовно поднесување примероци од своите пчеларници за испитување на ДНК.

Одгледувачите на увезените руски пчели се свесни, дека на овој начин нема да можат да издејствуваат комплетно уништување на вароата, но сметаат дека со генетската особина која ја имаат пчелите од Русија, би се направила некоја природна рамнотежа и би се намалиле огромните загуби кои ги бележи пчеларството во САД.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Погледни ги копчињата
Сокриј ги копчињата