Со паметна технологија против вароата

Мајтзапер е технологија која во насока на елиминирање на вароата ги комбинира биологијата на крлежот и физиката. На тој начин комплетно нуди нехемиска и еколошка контрола на вароата. Истражувањата на творецот на Мајтзапер, д-р Захари Хуанг од Универзитетот во Мичиген Стејт, потврдуваат дека овој изум има ефикасност и до 95% во контролата на вароата.

Мајтзапер е електронска рамка градежник. Се поставува во кошницата како и секоја друга обична рамка. Пчелите ги извлекуваат ќелиите, а откако матицата ќе ги занесе, по одреден период и ги запечатуваат. Со оглед дека крлежите повеќе од 12 пати ги преферираат трутовските ќелии и дека во една ќелија со трутовска ларва може да има и над 20 единки на вароа, Мајтзапер е идеална средина во која се концентрира вароата.

мајтзапер4

Токму кога целосно или поголем дел од ќелиите на рамката се запечатени, пчеларот треба да превземе акција со поврзување на конекторот од електричната рамка со конекторот од напојувањето со електрична струја. Извор на напојување може да биде автомобилски акумулатор, сончев колектор или било која друга батерија од 12 V. Електрицитетот произведува доволно топлина да ги усмрти запечатените трутовски кукли и единките на вароа прикачени на нив и сместени во нивните ќелии. За 72 часа пчелите комплетно ги отстрануваат „испржените“ кукли и крлежи, ги чистат ќелиите, матицата повторно ги занесува со трутовско легло и процесот се повторува одново за 18-23 дена. Во делот од сезоната кога има активно создавање на трутови, овој процес може да се изведе 4-5 пати. Времетраењето на еден електричен третман по кошница е околу 8 минути.

мајтзапер мајтзапер3

За разлика од повеќето биолошки методи за контрола на вароата во кои е потребно сечење или замрзнување на трутовското саќе, отклопување и отстранување на трутовските кукли и повторно приморување на пчелите да градат, со Мајтзапер пчеларот, а и пчелите се поштедени од сето ова. Други предности се што не се потреби никакви пропратни третмани или дополнителна опрема, безбеден е по здравјето на пчеларот, пчелите, нивните производи и околината, рамката останува во кошницата голем дел од сезоната без никакви манипулации со неа, производителот нуди рамки со голем избор на димензии и скоро сите стандарди, идеална е за во органското пчеларење и др.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.