Успешно презентирани пчеларски трудови на Студентската смотра

„Ваквите настани се од големо значење, бидејќи преку нив спознаваме со каков капацитет располагаат нашите студенти. За нас, тоа е од особено голем интерес затоа што од ваквите средби и од авторите на ваквите трудови се регрутира идниот потенцијал на факултетот и идните наставно научни работници од областа на земјоделството„-рече денес деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје, Проф. Д-р Драги Димитриевски, во воведното обраќање на отварањето на 6-та Студентска смотра на научни трудови. „На предавачите им посакувам успех на денешнава смотра, а на сите останати ви препорачувам преку конструктивни прашања и дебата да го збогатите и направите уште поинтересен овој настан“-додаде Проф. Д-р Димитриевски. Претседателот на Студентскиот парламент на студентите на ФЗНХ, Бобан Пиперкоски, кој свечено го отвори настанот, ја најави соработката со други македонски универзитети со цел Смотрата да биде поуспешна и изрази желба наредните години таа да добие и меѓународен карактер.

Што се однесува до пчеларските теми, беа претставени три научни трудови.

Јана Павлова преку трудот работен заедно со Мирјана Крстева Апостолов и Мери Жаја, „Влијание на производната серија врз процентот на прифатени ларви и приносот на матичен млеч“, ги анализираше состојбата и факторите кои влијаат на приносите и квалитетот на матичен млеч, во период од една пчеларска сезона, на пчеларник во кумановско.

j. pavlova

Мирољуб Голубовски имаше интересна презентација на трудот со наслов „Влијание на квалитетот на консумираната зимска прихрана врз пчелите работнички во лабораториски услови“. Во својот труд, преку експериментално хранење на пчелите со неколку погачи од комерцијално и домашно производство, ги објави резултатите, односно со каков квалитет се погачите кои се наоѓаат во промет во домашните пчеларски продавници и кои се последиците по пчелите со исхрана со дел од нив. Голубовски овој труд го работеше заедно со колегите Мирослав Тасевски и Кристијан Христовски.

m. golubovski

Третата презентација  се однесуваше на трудот на Благоја Долгоски и Мартин Стојаноски, „Тродимензионален модел на развојот на пчелно семејство во текот на годината“. Во овој труд на интересен начин беше претставено позиционирањето на пчелното семејство во кошницата во неколку месеци од годината и количината на легло по месеци.

b.dolgoski

Ментори на трудовите од областа на пчеларство беа Проф. Д-р Хрисула Кипријановска и Доц. Д-р Александар Узунов.

*Медно.мк се извинува за лошиот квалитет на фотографиите

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.