Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

Пчеларите сè почесто ги напуштаат старите начини на третирање на пчелите против вароа при кои се користат најразлични хемиски препарати штетни по здравјето на пчелите, по квалитетот на пчелните производи, дури и опасни по здравјето на човекот, а делумно ефикасни во уништувањето на крлежите. Решението е во препаратите добиени на природна основа, а меѓу нив како еден од поефикасните е и тимолот.

Летниот третман против вароа со тимол и шеќер во прав се изведува во период кога надворешната температура не надминува 25°С. Третманот може да се изведе на повеќе начини, но за кој од нив да се одлучи пчеларот, подготовката на мешавината од тимол и шеќер е иста. За третирање на една кошница, 6 грама тимол во прав (ако е во кристали се меле) се мешаат со 24 грама шеќер во прав. Еден начин на аплицирање на смесата е нејзино распоредување на хартија или на половина страница од весник поставена на рамконосачите. Кај овој начин третманот се повторува четири пати на секои седум дена. Друг начин е запрашување на пчелите со смесата од шеќер и тимол. Со ситно сито мешавината (30 грама) се истура врз рамконосачите и помеѓу улиците со пчели. Остатокот задржан на рамконосачите, со четката за тресење на пчели нежно се турка низ улиците запоседнати со пчели. На овој начин голем дел од пчелите се запрашени. Ако се применува овој начин, тогаш третманот се прави два пати на секои четиринаесет денови.

timol i seker

timol i seker2

timol i seker3

Според експертите од Универзитетот Ататурк во Ерзурум, Турција и Универзитетот Аристотел во Солун, Грција, ваквиот начин на комбинирано делување со шеќер во прав и тимол во прав врз крлежите, резултира со 90% морталитет на вароата, ефикасност која денес не може да им се препише на многу препарати наменети токму за борба против крлежите.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.