Имаме ли услови за профитабилно пчеларство?

Постојат ли услови за успешно и профитабилно пчеларење во Македонија? Дали и колку науката е вклучена и може да помогне за постигнување на подобри резултати во пчеларството? На овие и уште неколку прашања, во емисијата Профит, емитувана на Наша ТВ, а посветена на пчеларството, одговара Проф. Д-р Мишо Христовски. Според него, причините за лошата ситуација во која се наоѓа македонското пчеларство не треба да се бараат само во лошите климатски услови, туку и во немањето стратегија за пчеларство, болестите кај пчелите, а како виновник е посочена и владата, која поради некоординираноста со стручни лица и експерти од областа на пчеларство, субвенциите ги насочува погрешно и тие го немаат оној ефект за кој се наменети.

Во емисијата, свое видување на состојбата со нашето пчеларство дава и претседателот на ПЗ „Матица“-Скопје, Павле Бошкоски, кој смета дека со владина помош кон пчеларите во вид на доделување на земјиште од пониска категорија, за засејување на медоносна флора, значително би се подигнало нивото на продукција на пчелни производи. Тој вели, дека за да се започне рентабилен пчеларски бизнис потребни се 10-15000 евра, но дека треба трпеливост, бидејќи како и во секоја земјоделска гранка, така и во пчеларењето, профитот доаѓа подоцна. Тој одговара и на прашања поврзани со цената на медот, пласманот, квалитетот на пчелните производи и др.

Учество во емисијата имаат и неколку пчелари од различни региони во земјава. Тие даваат своја оцена за нашето пчеларство и проблемите со кои се соочуваат во пчеларското производство.

Целата емисија погледнете ја подолу.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Еден коментар

  1. Стојан

    Видеото не го гледав во целост. Доволно ми беше да видам дека пчеларската политика сеуште ја водат господиноот Христовски и господинотр Бошковски. Тоа е еден добар тандем кој работи за свои интререси, а друго ништо не ги интересира. Потсетете се како поминавме пред две години кога овие двајца ни ја скроија судбината. Потсетете се на пчеларското советување во Скопје од пред една година, кога господинот Христовски од говорница повикуваше на криминал.
    До лани фумагилинот беше забранет за употреба во пчеларството. Откако г. Христовски почна да се занимава со продажба на лекови за пчели, фумагилинот е дозволен (дозволено е да се слеваат пари во неговиот џеб).
    За вечниот претседател на Матица (кого не можеа да го сменат иако мандатот му беше поминат цела година) нема потреба да се зборува. Вешто ги користи сите грантови, ама за себе, не за добробит на пчеларството. Дури и формирањето на СПЗМ (здружение кое практично не постои) беше од користољубие.
    Да не должам…