Конвертирање на шеќерен сируп

За многумина правењето на шеќерен сируп е чиста рутина и при приготвувањето не постои рецепт до кој стриктно се држат. Но некогаш, поради најразлични причини, може да се јави потреба веќе приготвен сируп да се конвертира во нов сооднос помеѓу шеќерот и водата. Еве еден интересен начин.

Доколку шеќерен сируп во сооднос 2:1 (2 дела шеќер и 1 дел вода) сакаме да го конвертираме во однос 1:1, најлесен начин е да се измери сирупот на вага, тежината да се подели со 3 и да се додаде исто толку вода на растворот. Сирупот е направен од три дела (два дела шеќер и еден дел вода). Секој од овие три дела има приближно иста тежина. Со пресметување и пронаоѓање колку изнесува една третина од вкупната тежина, проценуваме колку вода има во растворот. Со додавање исто толку вода повторно, се добива 2/3 од вкупната оригинална тежина во шеќер и 2/3 од вкупната тежина во вода или 4/3 вкупна тежина во сооднос 1:1. На пример, ако сируп во однос 2:1 и со тежина од 10 кг го поделиме со 3, се добива 3,33 кг. Се мерат 3,33 кг вода и се додаваат во растворот од 10 кг со што се добива 13,33 кг сируп со однос 1:1 или 4/3 повеќе од почетната количина (10*4/3= 13,33).

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.