Меден сируп против кашлање

Кашлицата кај децата, па и возрасните може да трае доста долго, а при тоа го исцрпува организмот и предизвикува омалаксаност. За смирување на кашлањето најчесто се купуваат сирупи, за кои се тврди дека се направени на природна база, но секогаш постои барем една состојка која не ја познаваме и чиј начин на далување за нас е непознат. Затоа најдобро е ваквите сирупи да се подготвуваат дома од природни состојки чие дејство е веќе докажано. Еве рецепт за еден таков сируп:

  • 200 мл мед (по ваш избор, но препорачливо е темен мед);
  • сок од еден лимон;
  • една лажица сушена жалфија.

Сите состојки се мешаат во поклопен сад кој се става во друг сад во кој има вода. Кога водата ќе почне да врие, смесата останува така на пареата околу 5 минути, а потоа се трга на страна и се завиткува во нешто топло или се става во термос. После дваесет минути, смесата се цеди преку цедалка и се полни во стаклена тегла. Од овој сируп, на деца им се дава по една мала лажичка 3 пати на ден, а возрасните земаат 3 пати по една голема лажица. Освен што ја ублажува кашлицата, сирупот со мед го лекува болното грло и делува како антипиретик.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.