Мед од други пчели

Медот кој го користиме добиен e од подвидовите на Apis mellifera, широко распространети по светот. Несомнено, овој мед е најраспространет, а воедно и најквалитетен. Но, регионално постојат повеќе видови на мед, добиен од страна на други видови на пчели. Овој мед често може да биде собран во значителни количини. Азиските видови од родот Apis, произведуваат мед многу сличен по состав и вкус на медот добиен од подвидовите на Apis mellifera. Пчелите без осило (Meliponini) произведуваат мед, кој е доста течен и чиј вкус во голема мера може да варира. Apis dorsata складира мед со различен состав и својства, зависно од годишното време и надморската височина.

Apis cerana може да се одгледува во кошници, исто како некои од тропските подвидови на A. mellifera. Пчелите од овој вид биле единствените кои се одгледувале во Азија, сè до донесувањето на европските пчели во многу делови од Азија. Во тропските региони A. cerana дава мед во доста мали количини (3-10 кг по семејство), додека во поумерените региони нешто повеќе. Медот од A. cerana се разликува од медот на A. mellifera по понискиот процент на ензимот дијастаза и поголемата содржина на вода, а има разлика и во амино-киселинскиот состав. Медот од останатите два вида на Apis, A. dorsata и A. florae, се собира само од дивите колонии и е во многу мали количини, поради нивното мало гнездо. За медот од останатите азиски видови на пчели  A. andreniformis, A. laboriosa и A. koschevnikovi, не постојат никакви информации.

Социјалните пчели без осило (Melponini), медот го складираат во посебни медни чаури, наместо во саќе. Медот од овие пчели се зема од нивните диви колонии или од семејствата кои се чуваат во специјални кошници. Се смета дека Инките и Маите доживеале пчеларски процут токму со Melponimi пчелите.

 Составот на медот од овие пчели често знае да варира, има нестандарден квалитет, а во однос на медот од A. mellifera содржи повеќе вода, има поголема киселост, има поголемо бактериостатско (инхибиторно) дејство и не содржи дијастаза.

A. dorsata складира повеќе видови на мед: црвен мед – направен од нектар собран од растенија на голема надморска височина, пролетен мед – собран на пониска надморска височина и есенски мед – собран од растенија на било која надморска височина. Најмногу ценет е црвениот мед, кој собирачите на мед од диви колонии (најчесто од Непал) го продават пет пати поскапо од цената на медот добиен од A. mellifera. nepalese-honey-hunters-04Причината за високата цена е во големата медицинска вредност на медот и неговото интоксикативно (опивачко) дејство, кое го добива од состојките на нектарот собран од рододендронот.

Други инсекти кои складираат мед, кој се користи и за човечка исхрана, се некои бумбари (Bombus) и некои видови на оси (Nectarina и Polybia).

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.