Најава за основање на Пчеларска Федерација на Македонија

Иницијативниот Одбор за основање на Пчеларска Федерација на Македонија, најави дека на 26 декември 2015 година, во 11:00 часот во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, ќе го одржи Основачкото Собрание на новиот пчеларски субјект во Република Македонија. Иницијативниот одбор го сочинуваат повеќе пчеларски здруженија од целата држава кои функционираат на локално ниво.

Одборот за основање ги поканува сите здруженија кои тежнеат да го подобрат македонското пчеларство да пријават свое учество преку свои делегати и на тој начин да ја поддржат новата федерација.

На Основачкото собрание ќе бидат дефинирани целите на федерацијата, предвидено е да биде донесен Статутот на федерацијата и да се изберат претседателот и управувачките органи на Пчеларската Федерација на Македонија.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.