Највкусниот мед е од Прилеп, најубавиот штанд од Скопје

На почетокот на третата едукативна средба на ПЗ „Матица“-Скопје, Организациониот одбор на манифестацијата „Денови на македонскиот мед -2014“ ги прогласи победниците во изборот за највкусен мед и изборот за најубавиот штанд на манифестацијата.

За највкусен мед за 2014 година беше избран медот на Влатко и Светлана Атанасоски од Прилеп. После органолептичкото испитување на медот и лабораториската анализа, комисијата за оценување на медовите и нивниот вкус, највеќе поени додели на семејството Атанасоски, второто место го освои мед од Штип, а дека прилепчани имаат убав мед покажува и освоеното трето место.

-Јас верувам дека сите македонски пчелари произведуваат вкусен мед и дека македонскиот мед е со голем квалитет. Сите кои учествуваа на манифестацијата ја заслужуваат оваа награда, но ете ја имав таа среќа нашиот мед да биде избран за највкусен. Ова е мотив за мене и моето семејство да се трудиме да го задржиме и подобриме квалитетот на нашиот мед-рече Влатко Атанасоски, освојувачот на првото место.

atanasoski

Влатко Атанасоски, го презентира својот мед на една од пчеларските манифестации во државава

Првото место за „најпчеларски“ штанд го освои штандот на Пчеларство Митревски од Скопје. При оценувањето во предвид се земени повеќе фактори како: услужливоста на изложувачите, декорацијата на штандот, асортиманот на производите и друго.

-Најзаслужни за оваа награда се мојата сопруга Марина и моето семејство, кои со многу трпение и вкус го уредија нашиот штанд-рече Марјан Митревски, добитник на наградата за најубав штанд.

stand mitrevski

Со право освоено прво место за најубав изложбен штанд-Марјан Митревски

На двајцата добитници на прво место, ќе им бидат доделени ваучери во вредност од 3000 денари за набавка на пчеларска опрема.

Во текот на наредната недела ќе бидат посетени и дечињата од неколку градинки во општина Центар, на кои ќе им бидат доделени награди за најдобра песничка, најдобра танцова точка и најдобар цртеж, поврзани со пчелите и медот. Наградата за сите категории ќе биде мед во висина од 2000 денари.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.