Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

44-тиот по ред Меѓународен Пчеларски Конгрес Апимондија ќе се одржи во Теџон, Јужна Кореја, од 15 до 20 септември 2015 година. Темата на овој Конгрес ќе биде „Пчелата го сплотува светот“.

Според Кјунхван ЈО, претседател на Организациониот одбор на 44-тиот конгрес на Апимондија, се очекуваат над 10000 учесници и посетители од 130 земји, кои ќе предаваат, дебатираат и превземат акции за промовирање заедништво и соработка во областа на пчеларството.

Освен откривање на тајните на пчеларството, Апимондија нуди и можност за откривање на богатата култура на земјите во кои се одржува. Теџон, според Кјунхван ЈО, не е избран случајно за домаќин на најголемата меѓународна пчеларска манифестација. Тој вели дека токму во овој град се сплотуваат и коегзистираат традицијата и модерната наука и дека во овој град посетителите на Апимондија 2015 ќе доживеат едно многу поинакво и досега невидено искуство.

Организациониот одбор на Апимондија 2015 сеуште не ја објави официјалната програма, но во јавност ги изнесе сесиите од кои ќе биде составена програмата:

  • Апитерапија
  • Биологија на пчелите
  • Пчеларството и руралниот развој
  • Економија во пчеларството
  • Опрашувањето и корисна флора во пчеларењето
  • Здравствена состојба на пчелите
  • Технологии на пчеларење и квалитет
Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.