Прополис крема за оштетена кожа

Оваа крема се препорачува за лекување на сува и испукана кожа и промени на кожата настанати од изгореници и смрзнатини.

Потребни состојки:

20 ml прополис (алкохолен екстракт)

50 ml маслиново масло

10 ml масло за бебиња

30 gr чист пчелин восок

Маслиновото масло се загрева во сад со дупло дно наполнет со вода. Кога ќе се загрее маслото, се додаваат маслото за бебиња и восокот, и се меша се додека не се стопи восокот. Се додава прополисот, се меша 5 минути и се трга од оган. Доколку сакате кремата да има арома, додадете 5-10 капки етерично масло. Топлата смеса се складира во стаклени садови и кога ќе се олади може да се користи.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.