Пчеларите влегоа во националната програма за рурален развој

Вродија плод преговорите на пчеларите со ресорното министерство. Во иднина пчеларите ќе може да ја користат Националната програма за рурален развој за набавка на опрема, сандаци и сл. Исто така има најава за намалување на ДДВ – то при набавка на потребна опрема за пчеларење.

Набавка на пчеларски машини, центрифуги и останата опрема потребна за пчеларење пчеларите ќе може да набавуваат преку Националната програма за рурален развој или позната кај земјоделците како програмата 50 : 50. Прифатени се барањата на пчеларите да може да ја користат оваа програма. За многу пчелари проблем беа  високите граници за парични средства во ИПАРД програмата, со кои требаа сами да учествуваат, што не е случај во Националната програма, изјави за ТВ Орбис Менде Трајковски, пчелар од Битола, а кој од скоро е и претседател на Сојузот на пчелари на Македонија.

Од Сојузот велат дека се во преговори за намалување на ДДВ – то при набавка на опрема за пчеларење исто како и кај останатата земјоделска опрема од 18% на 5%. Како што информира Трајковски и за ова има позитивна најава.

Извор: ТВ Орбис

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.