Средновечните трутови се најпожелни оплодувачи

Трутовите се развиваат од неоплодени јајца. Нивниот развој трае 24 дена, односно 3 дена како јајце, фазата на ларва трае 6 дена и кукла 15 дена. Сперматогенезата кај нив започнува уште во стадиумот на ларва, а спермиогенезата завршува во стадиумот на кукла. Уште во првата недела како возрасна единка, сперматозоите се транспортираат од тестисите до семените везикули на трутот, каде остануваат сè до спарувањето на матицата. Но трутовите не се способни да се парат веднаш по трансферот на семето, поради тоа што ендофалусот на трутот не е физиолошки способен да ја прими спермата и да копулира со матицата. Ова е можно дури кога трутовите се постари од 10 дена. Квалитетното оплодување на матицата зависи од количината и квалитетот на семето внесено во сперматеката. Во текот на природното спарување матицата е оплодена од 3-17 трутови кои поединечно внесуваат од 1,5-1,7 µl сперма. Со возраста, бојата и вискозноста на семето се менуваат. Испитувањата и мерењата направени на одделот за пчеларство при Универзитетот за земјоделство во Краков, покажуваат дека кај трутовите на возраст од 2 недели, семето има жолтеникава боја и е течно, додека кај трутовите на возраст од 4 недели спермата е кремасто до кафеаво обоена и количината е поприлично вискозна. Исто така испитувањата покажуваат дека најсоодветни за природно и вештачко оплодување се трутовите на возраст од 10-21 ден. Трутовите помлади од 10 дена се незрели, додека трутовите над 21 ден имаат повискозна сперма која може да ја блокира сперматеката на матицата. Истражувањето покажува дека возраста има влијание и врз волуменот на спермата, односно со стареење на трутовите се намалува нејзиниот волумен. Но од друга страна, со возраста доаѓа до зголемување на виталноста на спермата и нејзината оплодувачка способност, но сепак вискозноста на спермата ги прави постарите трутови непопуларни љубовници. Барем не при инструменталното оплодување. Во природата важат други правила.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.