Тајната на пчелниот угриз

Истражувачите открија дека пчелата може да гризне исто толку добро колку што и боцка и дека угризот на пчелата содржи природен анестетик. Анестетикот не само што им помага на пчелите во одбрана против крлежите и молците, туку може да помогне и во хуманата медицина. Овој факт, кој го откри тимот составен од истражувачи од Грција и Франција во соработка со компанијата Вита, го менува досегашното мислење за тоа како функционира одбраниот механизам кај пчелите и води кон продукција на нов, природен и нетоксичен анестетик за примена кај луѓето и животните.

Овој природен анестетик е откриен на Универзитетот во Солун, а таму се и докажани и неговата формула (2-хептанон или 2-H) и неговото дејство.  2-H веќе е патентиран од Вита за употреба како локален анестетик и компанијата веќе бара фармацевтска компанија како партнер за соработка и иден развој на анестетикот.

До скоро се веруваше дека сегашната 2-H, пчелите ја користат како феромонски аларм кој ја активира одбраната на кошницата или како хемиски маркер кој на останатите пчели им сигнализира за тоа кој цвет е веќе посетен. Резултатите на истражувачкиот тим се поинакви од овие мислења. Изложувајќи ги пчелите на 2-H, така што супстанцијата е ставана веднаш до летото од кошницата, не е забележано никакво излетување и зголемување на бројот на пчели чувари.

Истражувањето докажува дека 2-H ги парализира малите инсекти и крлежи гризнати од пчелите. Парализата трае и до 9 минути. Пчелите ги користат вилиците за да го гризнат непријателот и пред да го исфрлат натрапникот од кошницата, во раната го испуштаат секретот за да го анестезираат.Ова е особено ефикасно против молците и крлежите, кои се премногу мали за да бидат убодени. Веднаш откако ларвата на молецот е гризната, истражувачкиот тим го идентификувал 2-H во нејзината хемолимфа. Интересно е тоа што 2-H е токсичен за пчелите, доколку навлезе во нивната хемолимфа, ги убива за многу кусо време.

Во лаборатотијата во Солун, докажано е дека 2-H има слично дејство како и лидокаинот, најупотребуваниот анестетик кај луѓето и останатите цицачи. Природно, 2-H во трагови го има во пивото, лебот и други продукти што го прави безбеден за употреба како замена за лидокаинот.

Најголема количина на 2-H има во угризот на Apis cerana, што евентуално може да се поврзе со нивната способност за контрола на вароа популацијата, но досега не е работено многу во оваа насока. Исто така и Apis dorsata и пчелите без осило лачат доста од овој анестетик.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.