Фаќач за матици

Овој фаќач за матици овозможува брзо и лесно фаќање на матицата само со користење на една рака. Неговиот дизајн и конструкција прават обележувањето на матицата да биде сосема безбедно и едноставно. За разлика од популарниот цилиндар за фаќање и бележење на матицата со чија работа мора да се внимава на притисокот врз матицата, овој фаќач има безбедосен осигурувач, со кој клипот кој врши притисокот врз матицата се доведува на посакуваната, но безбедна позиција за обележување.

фаќач2

фаќач1

При обележувањето на матиците, се препорачува наизменично да се користи пар од овие фаќачи. Додека матицата е обележана и е сместена кусо време во комората од првиот фаќач за да се засуши бојата, со вториот фаќач веќе се работи на ловење и обележување на матицата од друга кошница.

Се препорачува на повозрасни пчелари, на пчеларите почетници, како и на сите кои сметаат дека не се доволно вешти при фаќањето и обележувањето на матиците.

Цената на овој фаќач изнесува нешто помалку од 12 евра.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.