Вести

Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

44-тиот по ред Меѓународен Пчеларски Конгрес Апимондија ќе се одржи во Теџон, Јужна Кореја, од 15 до 20 септември 2015 година. Темата на овој Конгрес ќе биде „Пчелата го сплотува светот“. Според Кјунхван ЈО, претседател на Организациониот одбор на 44-тиот конгрес на Апимондија, се очекуваат над 10000 учесници и посетители од 130 земји, кои ќе предаваат, дебатираат и превземат акции ...

Повеќе »

Македонскиот мед еден од најдобрите во светот

Македонскиот мед во саќе го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“. Жирито составено од пчелари – учесници на саемот оцени дека е еден од најдобрите. – Конкуренцијата беше огромна, бевме 55-ти од вкупно пријавените преку 100 учесници од целиот свет. Влеговме во петте најдобри и успеавме да го добиеме второто место, изјави производителот Игор Илков, ...

Повеќе »

На 6-ти ноември почнуваат едукативните средби на ПЗ „Матица“-Скопје

Следејќи ја својата долгогодишна традиција, Пчеларското здружение „Матица“-Скопје, и оваа година организира средби на кои членовите на ова здружение ќе можат да погледнат стручни предавања и едукативни презентации од познати пчеларски имиња од Македонија и странство. Првата ваква средба е на 6-ти ноември 2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија. Почетокот на средбата ...

Повеќе »

Извештајот на ЕК-што во него е битно за пчеларите?

Последниот извештај на Европската комисија во врска со напредокот на нашата земја кон влез во ЕУ, во делот посветен за земјоделството има неколку работи кои директно и индиректно го засегаат пчеларството. Донесувањето на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, според ЕК, е позитивен потег и чекор напред. Ненавремената исплата кон приватните ветеринарни амбуланти, е причината ...

Повеќе »

Катастрофална пчеларска сезона во Словенија

Оваа година интерната шега меѓу словенечките пчелари е онаа дека единственото што го цедеа се нивните солзи. Горка шега, но реална. Дури и повозрасните словенечки пчелари велат дека досега не се сеќаваат на вака лоша сезона. Велат дека причината лежи во лошите временски услови и малкуте сончеви денови оваа година.Изминатите пет години, просекот на изваден мед по кошница беше 32 ...

Повеќе »

Македонскиот мед на листата на ФЕЕДМ

Европската федерација на пакувачи и дистрибутери на мед (ФЕЕДМ) го објави списокот на земји надвор од Европската Унија, од кои ќе може слободно да се увезува мед за потребите на граѓаните на ЕУ. На листата за оваа година се наоѓа и Република Македонија. Знаејќи дека ЕУ врши строг мониторинг и има поставено високи стандарди и критериуми во однос на земјите ...

Повеќе »