Интересно

Бесплатно земјиште за пчеларење во полза на пчелите

За разлика од некои македонски локални самоуправи, кои го ограничуваат, па дури и забрануваат пчеларењето на територијата од својата општина, локалната самоуправа на италијанскиот град Росињано одлучи, дел од својот имот да им го стави на располагање на пчеларите. Според многумина, ова е голем поттик за оние кои сакаат да се занимаваат со одгледување на пчели. Постепеното исчезнување на пчелите ...

Повеќе »

Он-лајн пчеларење

Бугарски пронаоѓач развил програма, која може да стане револуционерна за модерното пчеларење. „Програмата за паметно менаџирање со кошницата“ е компјутерски софтвер кој врши мониторинг врз состојбата во кошницата, здравјето на пчелите и го алармира пчеларот за секоја непожелна промена во пчелното семејство. Проектот на Борислав Лазаров, за паметно менаџирање на пчеларникот е базиран на два сегменти: хардвер, кој е сместен ...

Повеќе »

Летечки доктори во служба на овошките

Во Австралија за прв пат е претставена можноста пчелите да се користат во лекување и превентива на одредени болести кај овошките. Оваа нова и досега неприменета техника, во иднина би требало да биде главен метод за справување со габичните, вирусните и бактериските заболувања кај многу растенија и на тој начин драстично да се намалат трошоците од намалените приноси и давачките ...

Повеќе »

Пчелите во Јужна и Северна Америка пред Apis mellifera

  Малкумина знаат дека на територијата на Северна и Јужна Америка, освен некои видови на пчели без осило, немало медоносни пчели сè додека доселениците не ја донеле Apis mellifera од „Стариот свет“. Но и таму имало инсекти кои вршеле опрашување на растенијата уште пред континентите да бидат колонизирани и воведена медоносната пчела. И покрај големата конкуренција во медоносната пчела, тие ...

Повеќе »

Со кучиња трагачи до роднините на пчелите

Заедно со пчелите, бумбарите се едни од главните опрашувачи на растенијата. Нивното големо значење за производството на храна, улогата во одржувањето на биодиверзитетот, како и прекумерното користење на пестициди, антибиотици и хемиски препарати во земјоделството кои покрај на пчелите штетно делуваат и врз бумбарите, се причина тие да бидат истражувани од многу екологисти, ентомолози и други научници. Ефективната бројка на ...

Повеќе »

Преку гигантска мува до тајната на ројалактинот

Матицата е многу поголема од пчелите работнички и живее многу подолго, поради една причина-матичниот млеч. Користејќи матичен млеч од страна на  научниците добиена е ултра-голема мува. Дали на ред се луѓето? Главниот виновник одговорен за растењето и трансформацијата на обична работничка ларва во матица е протеинот ројалактин, кој се наоѓа во матичниот млеч. Јапонскиот биотехнолог Масаки Камакура, во испитувањето на ...

Повеќе »

Руски пчели за спас на пчеларството на САД

Американските пчелари со носталгија се потсетуваат на времето од пред дваесетина години, кога вкупниот број на пчелни кошници бил околу 6 милиони и САД произведувале мед дури и за извоз. Денес, пчеларат со 2,6 милиони кошници, а САД се приморани да увезуваат голем процент на мед за домашна потрошувачка. Главниот причинител за драстичното смалување на бројот на пчелни семејства е ...

Повеќе »

Ајнштајн и цитатoт за пчелите

Популарниот цитат на Алберт Ајнштајн „Ако пчелите исчезнат од површината на земјата тогаш човекот би имал уште само 4 години живот. Нема да има пчели, нема да има опрашување, нема да има растенија, нема да има животни, нема да го има и човекот“, кој има и втора верзија „Ако пчелите исчезнат, човекот нема да има повеќе од 4 години опстанок“, ...

Повеќе »

Конвертирање на шеќерен сируп

За многумина правењето на шеќерен сируп е чиста рутина и при приготвувањето не постои рецепт до кој стриктно се држат. Но некогаш, поради најразлични причини, може да се јави потреба веќе приготвен сируп да се конвертира во нов сооднос помеѓу шеќерот и водата. Еве еден интересен начин. Доколку шеќерен сируп во сооднос 2:1 (2 дела шеќер и 1 дел вода) ...

Повеќе »

Робо пчели-решение за поинаков свет?

Иднината е веќе тука. Иднина каде пчелите и биодиверзитетот се жртви на интензивната индустријализација и хемизација на земјоделство. Дали ова е и ваша визија за иднината на земјоделството? Доколку продолжи моделот на интензивно земјоделство сосема е извесно дека тоа ќе влијае и врз пчелите, што би довело до таканаречена „глобална опрашувачка криза“. Ние одлучуваме. Дали ќе има нов свет со ...

Повеќе »