Продажбата на матичен млеч има голем удел во приходите остварени од продажба на пчелни производи за многу пчелари. Но целиот процес на производство на матичен млеч бара многу посветеност, вештина, знаење и секако, неопходна апаратура. Токму таков апарат е оваа пумпа за собирање на матичен млеч, која значително ќе го олесни и забрза процесот на вадење на матичен млеч, а ...
Повеќе »Uncategorized
Започнаа нарачките на матици и нуклеуси во Апицентар
Репродуктивниот и тренинг центар за пчеларство „Апицентар“, од 20-ти ноември 2014 година започна со примање на нарачки за матици и нуклеуси за 2015 година. Цената на матиците од подвидот Apis mellifera macedonica е 800 денари. Матиците се обележани со плочка и содветен број со кој се следи педигрето. Матиците се спакувани во кафез за транспорт, поседуваат здравствено уверение, потврда за здравствената состојба и упаство ...
Повеќе »Највкусниот мед е од Прилеп, најубавиот штанд од Скопје
На почетокот на третата едукативна средба на ПЗ „Матица“-Скопје, Организациониот одбор на манифестацијата „Денови на македонскиот мед -2014“ ги прогласи победниците во изборот за највкусен мед и изборот за најубавиот штанд на манифестацијата. За највкусен мед за 2014 година беше избран медот на Влатко и Светлана Атанасоски од Прилеп. После органолептичкото испитување на медот и лабораториската анализа, комисијата за оценување ...
Повеќе »20.11.2014 – Трета едукативна средба организирана од ПЗ”Матица”
На ден 20.11.2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија, со почеток во 17:00 часот, ПЗ “Матица” – Скопје, ќе одржи Трета едукативна средба, која ќе биде посветена на начинот на пчеларење на пчелар од Прилеп. Во рамките на оваа едукативна средба, на пчеларот чиј начин на пчеларење ќе биде презентиран, ќе му биде ...
Повеќе »Крлежот со паразитски стаж од 50 милиони години
Мал тим на научници од неколку земји, го идентификува најстариот доказ за постоење на крлежите. Работејќи на парче килибар во кој се заробени мравка и крлеж прикачен на нејзината глава, утврдиле дека примерокот е стар повеќе од 50 милиони години. Парчето килибар било пронајдено на Балтичкиот брег во Русија од еден археолог аматер. Бидејќи и крлежот и мравката се слеани ...
Повеќе »Мамци за роеви
За пчеларот одсекогаш било предизвик да се надмудрува со пчелните роеви. Тој се обидува да размислува како пчелите во ројот, да го предвиди секој нивни потег и на крај да излезе како победник. Според многу пчелари, фаќањето роеви е како рибарењето. Без добра локација и без добар мамец, нема успех во ловот. Локациите посетувани од роевите, помалку или повеќе им ...
Повеќе »„И ние пчели за трка имаме“
Нашата држава е една од малкуте земји во светот, кои можат да се пофалат со целосна територијална покриеност од локален и автохтон подвид на пчели. Македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), освен на целата површина на Македонија, ја има и во северна Грција, делови од Бугарија, дел од Србија, Украина и Романија. Детерминирана е од Фридрих Рутнер, кој во 1988 ...
Повеќе »ПВЦ кошница-маркетинг или футуристички чекор
Секоја иновативност во било која област, а особено во пчеларството се прифаќа со голема внимателност. Таков е и примерот со оваа пластична кошница, прво поради иновативниот и невообичаен дизајн, а потоа и поради материјалот од кој таа е направена. Но, пчеларите кои го искусиле пчеларењето со оваа кошница велат дека за кусо време оваа кошница ја стекнала нивната доверба и ...
Повеќе »Топло чоколадо со мед
Вистинско уживање во студените денови кои претстојат. Потребни состојки: една и половина шоља млеко 2 големи лажици какао 2 големи лажици мед по избор: ванилин шеќер, ванилин екстракт, цимет, мелени лешници, шлаг, чоколадни трошки, карамел, путер и др. Млекото се става во сад и се загрева да биде врело (или се вари ако не е сварено). Во друг сад се ...
Повеќе »Микрочипови за спас на пчелите
Со цел да се пронајдат многу одговори за угинувањето на пчелите, Технолошкиот Универзитет Вале де Белем од Бразил, на почетокот од годинава, разви многу мали микрочипови (со димензии 2,5*2,5 милиметри и тежина од 5,4 милиграми). Идејата е овие чипови да се прикачат на грбот на пчелите, со цел да се анализира нивното однесување под влијание на пестициди и промена на ...
Повеќе »