Uncategorized

Објавени резултатите на COLOSS за зимските загуби на пчелни семејства

Здружението за превенција на загубите на пчелни семејства, COLOSS (Prevention of honey bee COlony LOSSes), ги објави резултатите од анкетните прашалници пополнети од пчеларите низ Европа и некои земји од Африка, а чија намена беше да се откријат ризиците и факторите за загубите на пчелните семејства во 2014/2015 година. Беа собрани податоци од 31 држава, меѓу кои и од Русија, ...

Повеќе »

Селидбено пчеларење, главен услов за успешно пчеларство (Видео)

Селидбеното пчеларење е нешто без кое модерното пчеларење е незамисливо. Со искористувањето на три, четири, па и повеќе паши, тројно расте можноста за зголемување на количините на пчелни производи. Во емисијата ЕУ Фармер, посветена на пчеларството, се разгледуваат повеќе можности за унапредување и модернизирање на пчеларството како и зголемување на приходите од истото. Еден од гостите во емисијата, професионалниот пчелар ...

Повеќе »

Месојадна билка сојузник на пчелите во борбата против Азискиот стршлен

Азискиот стршлен, една од актуелните сериозни закани по пчелите, се повеќе се распространува во регионите во западна Европа. Во битката за спречување на неговото ширење, пчелите и човекот добиваат уште еден сојузник-месојадното растение Сараценија. Раководителот на ботаничката градина во Нант, Франција, Ромарик Перошо, открил дека Сараценијата ужива да се храни со единки на Азискиот стршлен. Тој вели дека нашол стебло ...

Повеќе »

Состојбата со пчелните семејства оваа година (Видео)

Во емисијата „Бразди“, емитувана на Канал 5 телевизија, со централна тема посветена на пчеларењето, гостуваше Илчо Костадиновски, пчелар од Виница. Во разговорот беше направена анализа на досегашната состојба со пчелните семејства, актуелната ситуација со мед во кошниците, мерки на пчеларникот кои треба да се превземат овој период, техниките на пчеларење кои тој самиот ги применува, а беа дадени и препораки ...

Повеќе »

Aethina tumida закана и по пчелите во Швајцарија

Швајцарските ветеринарни служби масовно ги мобилизираат тамошните пчелари и превземаат сериозни  мерки за рано откривање на присуство на малата кошничка бубачка. Во програмата за активно следење на заразеност со овој штетник, наречена APINELLA, вклучени се 180 швајцарски пчеларници кои секоја втора недела се контролираат за присуство на малата кошничка бубачка. Резултатите од мониторингот и контролите се внесуваат во заедничка база ...

Повеќе »

Чистиот парафин во восочните основи не е закана по пчелите

Градењето на саќе е едно од основните обележја на медоносните пчели и многу битно за развојот на пчелните друштва. Саќето е неопходно за одгледување на потомството и за складирање на храната. Редовното менување на саќето е составен дел од добрата пчеларска пракса. Оваа постапка ги подобрува хигиенските услови во кошницата што е неопходно за здрави пчелни семејства. Старото саќе често ...

Повеќе »

Пчелниот отров како лек – штипјанец почна бизнис со државна поддршка

Триесетгодишниот Марко Миховски од Штип е еден од ретките млади луѓе кој својата перспектива ја гледа во пчеларството. Пчелниот отров за потребите на фармацевтската индустрија е неговата оргинална идеја за која добил неповратна финансиска поддршка од државата во висина од 10.000 евра. Лековитите својства на матичниот млеч се добро познати кај народот. Миховски планира од својот пчлеларник да направи атракција ...

Повеќе »

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Во сабота надлежните служби на Град Скопје ќе извршат авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град, што ќе биде прво прскање годинава на ниво на главниот град. „Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци ќе се реализира на 13.06.2015 година (сабота), во период од 7 ...

Повеќе »

Заборавил да ги отвори кошниците и предизвикал катастрофа

Тажна била сликата која ја затекнал еден грчки пчелар откако наредниот ден дошол да ја провери состојбата на претходно доселените пчелни семејства. Ниту едно од дваесетте пчелни семејства не ја преживеале катастрофалната грешка на пчеларот. Кога пчелните семејства вечерта биле преселени од околината на градот Агринио на новата локација во местото Елати, пчеларот заборавил да ги отвори летата од кошниците. ...

Повеќе »

Фантастичниот свет на солитарните пчели (Видео)

Тимот Кандиру е група на млади луѓе од Глазгов, ентузијасти и вљубеници во природата, кои прават научни филмови поврзани со животинскиот свет и природата воопшто, а подоцна бесплатно им ги даваат на училиштата, научните установи и невладините здруженија со цел да се крене свеста за значењето на најразлични животински видови и да се помогне во нивната заштита и конзервација. Во ...

Повеќе »