Архива на привезоци: пчели

Значењето на автохтоната македонска пчела и заштитата на овој подвид (Видео)

За заштитата и значењето на Apis mellifera macedonica и реализираните проекти во таа насока, во утринската емисија на Алфа ТВ зборуваше Борче Павлов, професионален пчелар, сопственик на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици и член на пчеларското здружение „Еко Пчела“-Скопје. Во разговорот, Павлов ја истакна важноста на автохтоните пчели, како и нивната предност во однос на хибридите и увезените подвидови на пчели. Зборувајќи ...

Повеќе »

Брз начин на формирање на нуклеуси

Eден многу успешен и брз начин за формирање на пчелни семејства-нуклеуси, кои до крајот на сезоната прераснуваат во јаки друштва, односно производни заедници за наредната година. Ова се прави што порано, но ова е и стратегија јаките друштва да не влезат во роидбен нагон. Овој оплодник на фотографијата (за две рамки ЛР), може и за ДБ го населувам со 1 ...

Повеќе »

Нуклеус или пакетен рој?

Оние кои сакаат да започнат со пчеларење или пак оние кои веќе пчеларат, но се ограничени преку капацитетите на својот пчеларник да го зголемат бројот на пчелни семејства, најчесто имаат можност да набават пчелни роеви складирани во два облика: пчели спакувани во пакет-пакетен рој или пчели сместени на неколку рамки-нуклеус. Очигледно дека овие две форми на понуда на пчелни семејства ...

Повеќе »

Проширување на плодиштето, додавање второ тело, прва ротација со додавање на сатни основи

Месецот aприл е многу битен за нас пчеларите, овошките цветаат…   И ливадите почнуваат да ја покажуваат својата убавина…    Но за нас пчеларите најбитно е цветањето на јаболката…    што претставува многу битен показател за јачината на пчелните семејства и време кога треба да ги извршиме неопходните работи во пчеларникот, а тоа е додавање второ тело или ротација на ...

Повеќе »

Со паметна технологија против вароата

Мајтзапер е технологија која во насока на елиминирање на вароата ги комбинира биологијата на крлежот и физиката. На тој начин комплетно нуди нехемиска и еколошка контрола на вароата. Истражувањата на творецот на Мајтзапер, д-р Захари Хуанг од Универзитетот во Мичиген Стејт, потврдуваат дека овој изум има ефикасност и до 95% во контролата на вароата. Мајтзапер е електронска рамка градежник. Се ...

Повеќе »

Систем за стимулативно хранење без отварање на кошницата

Периодите од годината кога е потребно стимулативно прихранување на пчелите можат да претставуваат вистинско оптеретување за пчеларот. Отварањето, односно отклопувањето на секоја кошница, полнењето на хранилката со мало количество на сируп и повторното враќање на капакот одземаат драгоцено време. Со цел да се намали потрошеното време, но и вознемирувањето на пчелите, пчеларите развиле широка палета на идеи токму за оваа ...

Повеќе »

Процентот на зимски загуби во Германија далеку над просекот. Пчеларите најавуваат тешка сезона

Загубите на пчелните семејства во текот на зимата во Германија се далеку од очекуваните и просечните бројки. Состојбата со високата смртност е скоро идентична во сите региони низ државата, па од Германската пчеларска асоцијација најавуваат дека треба да се очекува скромен медобер. Претседателот на Националното здружение на пчелари од Хесен, Манфред Риц, изјави дека нормалната стапка на смртност и угинување ...

Повеќе »

Селидбено пчеларење на пловечки пчеларник

Со 40 кошници сместени на кровот на својот брод, германскиот пчелар Франк Георге постојано пчелари селидбено на езерата во околината на Вердер, Германија. Опуштено седнат на палубата на своето бродче, со кренати нозе и повремено рибарење, 57 годишниот инженер ужива во убавините на езерата очекувајќи пчелите да донесат солидни приходи од пашата во чија близина тој се закотвил. Веќе пет ...

Повеќе »

Поставување на градежна тест-рамка

Од многу битно значење за пчелното семејство после првиот пролетен преглед е да биде во режим на постојана работа. Затоа, при првиот преглед, во слободниот простор ја ставам тест рамката за контрола на работата на пчелите градителки…     која подоцна може да биде искористена како рамка за биолошки метод за борба против вароата. Од голема важност е обезбедувањето на слободен ...

Повеќе »

Автоматски дозатор на сируп-луксуз, потреба и чекор напред

Идејата за конструирање на автоматскиот дозатор на сируп наменет за пчеларникот, произлегува од потребата за соодветно, навремено и често прихранување на пчелните семејства во текот на годината, што за пчеларите, а особено оние со поголем број на друштва, претставува сложена обврска, која бара постојаност, присутност, време, работна сила и сл. Периодот на конструкција на дозаторот, според инвенторот, траел 2,5 години, ...

Повеќе »