Доцноесенски работи на пчеларникот (видео)

Во периодот на зазимување на пчелите, една од најзначајните работи на пчеларникот е третирањето против вароата. Освен добро познатиот и веќе докажан метод на третирање со оксална киселина, некои пчелари користат и други иновативни технологии и препарати.

Еден до таквите е и Илчо Костадиновски, пчелар од Виница, кој на својот пчеларник наместо оксалната киселина, го користи производот „Hive Clean“на австриската компанија „BeeVital“. Во интервјуто за емисијата Бразди, емитувана на Канал 5 телевизија, Костадиновски вели дека овој органски препарат кај пчелите предизвикува нагон за самочистење, па така пчелите од себе ги отстрануваат и прикачените крлежи, а и сите други нечистотии од своето тело, од саќето, рамките и кошницата.

Во интервјуто, Костадиновски зборува за обврските на пчеларот во наредниот период, како и за употребата на шеќерно-медните погачи за прихрана на пчелите. Целото интервју погледнете го во видеото подолу.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.