Значењето на автохтоната македонска пчела и заштитата на овој подвид (Видео)

За заштитата и значењето на Apis mellifera macedonica и реализираните проекти во таа насока, во утринската емисија на Алфа ТВ зборуваше Борче Павлов, професионален пчелар, сопственик на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици и член на пчеларското здружение „Еко Пчела“-Скопје. Во разговорот, Павлов ја истакна важноста на автохтоните пчели, како и нивната предност во однос на хибридите и увезените подвидови на пчели. Зборувајќи за производството на селекционирани матици, тој ги наброја предностите и придобивките кои би ги добил секој одгледувач на пчели доколку набави матици токму од регистрираните одгледувалишта. Ова, а и останатиот дел од разговорот погледнете го подолу во видеото.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.