Малата кошничка бубачка (Aethina tumida), навлегува сè подлабоко на територијата на Италија. Ситуацијата со заразата е сериозно сфатена од сите тамошни надлежни органи и деноноќно се следат сите промени поврзани со овој штетник на пчелните семејства. Овие мерки, кои ги спроведуваат италијанските пчелари и одговорни служби, се од големо значење за целиот регион. Доколку се направи и најмал пропуст и италијанските власти дозволат ширење на бубачката, тоа би било сериозен проблем за европското пчеларство. Поради географската близина и во нашата држава постои сериозна опасност од ширење на заразата.
Мерките, стратегијата и насоките превземени од италијанските власти за спречување на ширење на заразата, а презентирани од Д-р Франко Мутинели од Националната лабораторија за пчеларство при Универзитетот во Венеција, можете да ги погледнете на официјалната страна на Македонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica).
Превземено од macbee.org.