Он-лајн пчеларење

Бугарски пронаоѓач развил програма, која може да стане револуционерна за модерното пчеларење. „Програмата за паметно менаџирање со кошницата“ е компјутерски софтвер кој врши мониторинг врз состојбата во кошницата, здравјето на пчелите и го алармира пчеларот за секоја непожелна промена во пчелното семејство. Проектот на Борислав Лазаров, за паметно менаџирање на пчеларникот е базиран на два сегменти: хардвер, кој е сместен во кошницата и софтвер задолжен за собирање на податоците, анализирање и испраќање до пчеларот.

Според Лазаров, оваа иновативна технологија, на пчеларот му нуди многу можности и иако проектот е во фаза на развој, му претстои добра иднина. Без отварање на кошницата и со што помалку стрес за пчелите, во реално време преку интернет врска, пчеларот може да добие точни податоци за состојбата на семејството, контаминираноста на медот, роевиот нагон и др.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*