Пчеларскиот сојуз на Словенија (ЧЗС), ги поканува сите заинтересирани да земат учество во Меѓународниот натпревар на фотографии поврзани со пчеларството за 2014 година. На натпреварот чиј организатор е Пчеларскиот сојуз на Словенија, поканети се пчеларите од цел свет, фотографите и сите други кои имаат желба да учествуваат на овој настан преку испраќање на досега необјавени фотографии. Натпреварувачите треба да се фокусираат на следниве категории:
- Пчелите и медоносните растенија;
- Животот на пчелите (биологија);
- Пчеларски работи и пчелни производи;
- Традиционални пчелни живеалишта и пчеларници.
Фотографиите можат да бидат во боја или црно-бели, со резолуција над 300 dpi. Секоја фотографија треба да содржи сопствен идентификациски број, име, да се наведат категорија под која припаѓа и годината кога е фотографирана. Фотографиите ќе се оценуваат според следниве критериуми:
- Експресивност;
- Оригиналност;
- Технички дизајн;
- Естетика;
- Вид, односно подвид на пчели (поради автохтоноста, предност има Крањската пчела).
Фотографиите снимани на ЦД или УСБ драјв треба да се испратат на следнава адреса: Čebelarska zveza Slovenije, Brdo pri Lukovici 8, 1225 Lukovica, Slovenia, со назнака “Photography Competition” или на електронската адреса: marko.borko@czs.si.
Испраќањето на фотографиите трае до 19 декември 2014 год. Церемонијата на прогласување на најдобрите фотографии ќе биде на саемот АпиСловенија на 21 март 2015 година во Цеље.
Повеќе информации овде.