Архива по месеци: октомври 2014

Бесплатно земјиште за пчеларење во полза на пчелите

За разлика од некои македонски локални самоуправи, кои го ограничуваат, па дури и забрануваат пчеларењето на територијата од својата општина, локалната самоуправа на италијанскиот град Росињано одлучи, дел од својот имот да им го стави на располагање на пчеларите. Според многумина, ова е голем поттик за оние кои сакаат да се занимаваат со одгледување на пчели. Постепеното исчезнување на пчелите ...

Повеќе »

Дали е на повидок нов биолошки анти-вароа метод?

Здрави пчели без присуство на вароа, е сонот на секој пчелар. Дали откритието на биолозите од Универзитетот во Хохенхајм, Германија, може да го направи овој сон реалност? Истражувачите, преку манипулирање со сексуалната активност на крлежот, успеале да дојдат до еколошки и лесен начин за намалување и елиминирање на вароата во кошницата. Преку изолирање на женските сексуални феромони, кои ги испуштаат ...

Повеќе »

Он-лајн пчеларење

Бугарски пронаоѓач развил програма, која може да стане револуционерна за модерното пчеларење. „Програмата за паметно менаџирање со кошницата“ е компјутерски софтвер кој врши мониторинг врз состојбата во кошницата, здравјето на пчелите и го алармира пчеларот за секоја непожелна промена во пчелното семејство. Проектот на Борислав Лазаров, за паметно менаџирање на пчеларникот е базиран на два сегменти: хардвер, кој е сместен ...

Повеќе »

Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

44-тиот по ред Меѓународен Пчеларски Конгрес Апимондија ќе се одржи во Теџон, Јужна Кореја, од 15 до 20 септември 2015 година. Темата на овој Конгрес ќе биде „Пчелата го сплотува светот“. Според Кјунхван ЈО, претседател на Организациониот одбор на 44-тиот конгрес на Апимондија, се очекуваат над 10000 учесници и посетители од 130 земји, кои ќе предаваат, дебатираат и превземат акции ...

Повеќе »

Медена вакцина против грип

Во сезоните на грип и настинки, потребно е имунитетот да се одржи на високо ниво. Заборавете на вакцините против грип и скапите лекови. Вакцинирајте се самите со оваа „вакцина“ приготвена од здрави и проверени продукти. Потребни состојки: – 3 лажици мед – сок од 6 лимони – 1 главица лук, сецкана или пасирана – 2 лажици сецкан или пасиран ѓумбир ...

Повеќе »

Летечки доктори во служба на овошките

Во Австралија за прв пат е претставена можноста пчелите да се користат во лекување и превентива на одредени болести кај овошките. Оваа нова и досега неприменета техника, во иднина би требало да биде главен метод за справување со габичните, вирусните и бактериските заболувања кај многу растенија и на тој начин драстично да се намалат трошоците од намалените приноси и давачките ...

Повеќе »

Прополис крема за оштетена кожа

Оваа крема се препорачува за лекување на сува и испукана кожа и промени на кожата настанати од изгореници и смрзнатини. Потребни состојки: 20 ml прополис (алкохолен екстракт) 50 ml маслиново масло 10 ml масло за бебиња 30 gr чист пчелин восок Маслиновото масло се загрева во сад со дупло дно наполнет со вода. Кога ќе се загрее маслото, се додаваат ...

Повеќе »

И пчелите имаат свои доктори

Познато е дека и пчелите страдаат од најразлични заболувања и инфекции. Но, малку е познато дека кога ќе завладее одредена болест во семејството, на сцена стапуваат пчелите-доктори, кои се грижат за елиминирање на болеста и лекување на заболените сестри, со цел да се задржи нивната работна сила и компактноста на семејството. Студијата направена на Универзитетот во Хале (Зале), Германија, покажува ...

Повеќе »

Македонскиот мед еден од најдобрите во светот

Македонскиот мед во саќе го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“. Жирито составено од пчелари – учесници на саемот оцени дека е еден од најдобрите. – Конкуренцијата беше огромна, бевме 55-ти од вкупно пријавените преку 100 учесници од целиот свет. Влеговме во петте најдобри и успеавме да го добиеме второто место, изјави производителот Игор Илков, ...

Повеќе »

Пчелите во Јужна и Северна Америка пред Apis mellifera

  Малкумина знаат дека на територијата на Северна и Јужна Америка, освен некои видови на пчели без осило, немало медоносни пчели сè додека доселениците не ја донеле Apis mellifera од „Стариот свет“. Но и таму имало инсекти кои вршеле опрашување на растенијата уште пред континентите да бидат колонизирани и воведена медоносната пчела. И покрај големата конкуренција во медоносната пчела, тие ...

Повеќе »