Архива по месеци: октомври 2014

Пчелите и спиењето

За нормално извршување на работните обврски во кошницата, на пчелите им е потребен сон. Но, кога пчелите спијат? Kако се одвива тој процес кај нив и колку трае? Спроведена е студија со намера да се испита спиењето кај пчелите работнички и да соберат податоци за тоа дали има разлика во спиењето кај различни касти на пчели, нивното однесување, позицијата и ...

Повеќе »

На 6-ти ноември почнуваат едукативните средби на ПЗ „Матица“-Скопје

Следејќи ја својата долгогодишна традиција, Пчеларското здружение „Матица“-Скопје, и оваа година организира средби на кои членовите на ова здружение ќе можат да погледнат стручни предавања и едукативни презентации од познати пчеларски имиња од Македонија и странство. Првата ваква средба е на 6-ти ноември 2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија. Почетокот на средбата ...

Повеќе »

Извештајот на ЕК-што во него е битно за пчеларите?

Последниот извештај на Европската комисија во врска со напредокот на нашата земја кон влез во ЕУ, во делот посветен за земјоделството има неколку работи кои директно и индиректно го засегаат пчеларството. Донесувањето на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, според ЕК, е позитивен потег и чекор напред. Ненавремената исплата кон приватните ветеринарни амбуланти, е причината ...

Повеќе »

Повеќенаменска пластична подница

За здраво пчелно семејство и негово нормално функционирање, потребна е добра и исправна кошница. Подницата е меѓу најбитните делови од кошницата. Оваа модерна и мултифункционална подница нуди предности, какви што досега немала ниедна друга. Целата е изградена од пластика и содржи повеќе елементи. Полетувалката е отпорна на разни временски услови, а нејзиниот дизајн овозможува лесно затварање при транспорт, непречена циркулација ...

Повеќе »

Со кучиња трагачи до роднините на пчелите

Заедно со пчелите, бумбарите се едни од главните опрашувачи на растенијата. Нивното големо значење за производството на храна, улогата во одржувањето на биодиверзитетот, како и прекумерното користење на пестициди, антибиотици и хемиски препарати во земјоделството кои покрај на пчелите штетно делуваат и врз бумбарите, се причина тие да бидат истражувани од многу екологисти, ентомолози и други научници. Ефективната бројка на ...

Повеќе »

Преку гигантска мува до тајната на ројалактинот

Матицата е многу поголема од пчелите работнички и живее многу подолго, поради една причина-матичниот млеч. Користејќи матичен млеч од страна на  научниците добиена е ултра-голема мува. Дали на ред се луѓето? Главниот виновник одговорен за растењето и трансформацијата на обична работничка ларва во матица е протеинот ројалактин, кој се наоѓа во матичниот млеч. Јапонскиот биотехнолог Масаки Камакура, во испитувањето на ...

Повеќе »

Руски пчели за спас на пчеларството на САД

Американските пчелари со носталгија се потсетуваат на времето од пред дваесетина години, кога вкупниот број на пчелни кошници бил околу 6 милиони и САД произведувале мед дури и за извоз. Денес, пчеларат со 2,6 милиони кошници, а САД се приморани да увезуваат голем процент на мед за домашна потрошувачка. Главниот причинител за драстичното смалување на бројот на пчелни семејства е ...

Повеќе »

Медот се исплати и да го нема. Но за кого?

„ Расте цената на медот поради лошото време„. „Дождот ги испразни кошниците, се бара поскапување на медот“. „Поскапува медот, лошата сезона го зема данокот“. Вакви наслови се читаа последниве неколку месеци откако заврши сезоната на медобер кај нас. И не дека не е така, и не дека немаат право-што се однесува до лошото време. Но, од каде тоа дека кога ...

Повеќе »

Мед од други пчели

Медот кој го користиме добиен e од подвидовите на Apis mellifera, широко распространети по светот. Несомнено, овој мед е најраспространет, а воедно и најквалитетен. Но, регионално постојат повеќе видови на мед, добиен од страна на други видови на пчели. Овој мед често може да биде собран во значителни количини. Азиските видови од родот Apis, произведуваат мед многу сличен по состав ...

Повеќе »

Интервју со Горан Алексовски, основач и уредник на medno.mk

Со цел да Ви ги откриеме замислата и идејата на медно.мк, накратко разговараме со Горан Алексовски, дипломиран земјоделски инженер, пчелар и главен уредник на овој портал посветен на пчеларството. Kоја е причината за ваквата одлука да се реализира токму пчеларски портал? Г.А. Пчеларењето е мое хоби. Секогаш кога имам слободно време читам пчеларска литература и посетувам интернет страни со пчеларска ...

Повеќе »