Архива по месеци: октомври 2014

Мала кошничка бубачка

На 11 септември 2014, Националниот центар за пчеларство при Институтот за зоологија во Венеција, потврди дека е детектирано присуството на малата кошничка бубачка во Италија. Веста брзо ја потресе пчеларската јавност во Италија и Европа, предизвикувајќи загриженост кај пчеларите затоа што мора да вклучат уште еден паразит во листата на активни непријатели на пчелите. Колку сме запознаени со овој паразит? ...

Повеќе »

Ајнштајн и цитатoт за пчелите

Популарниот цитат на Алберт Ајнштајн „Ако пчелите исчезнат од површината на земјата тогаш човекот би имал уште само 4 години живот. Нема да има пчели, нема да има опрашување, нема да има растенија, нема да има животни, нема да го има и човекот“, кој има и втора верзија „Ако пчелите исчезнат, човекот нема да има повеќе од 4 години опстанок“, ...

Повеќе »

Меден сируп против кашлање

Кашлицата кај децата, па и возрасните може да трае доста долго, а при тоа го исцрпува организмот и предизвикува омалаксаност. За смирување на кашлањето најчесто се купуваат сирупи, за кои се тврди дека се направени на природна база, но секогаш постои барем една состојка која не ја познаваме и чиј начин на далување за нас е непознат. Затоа најдобро е ...

Повеќе »

Aнтибиотик без лекарски рецепт

Познато е дека антибиотиците се микс од повеќе компоненти. Пред да се земе секој антибиотик, потребно е да се консултира лекар, а за да се купи истиот, потребен е лекарски рецепт. Но зошто да се земаат пилули, кога лекот го имаме во кујната или може да се купи без лекарски рецепт и да се зема без ограничувања и без следење ...

Повеќе »

Парафинот во восочните основи без последици по пчелите

Ретко на пазарот може да се набават восочни основи, кои освен восок немаат други примеси. Најупотребуван „додаток“ при нивна изработка е парафинот. Но колку процентот на парафин во восочните основи влијае врз пчелното семејство? Студијата направена на Институтот за пчеларство во Пулави, Полска, покажува дека парафинот нема позначајно влијание врз пчелите. Во истражувањето користени се восочни основи, изработени од восок ...

Повеќе »

„Дрво мозок“ – многу полен, малку пчели

Дрвото мозок (Maclura pomifera) е листопадно дрво кое потекнува од Северна Америка. Името го добило поради изгледот на плодот кој личи на мозок. Коњско јаболко, мајмунска топка, Осаги јаболко, се имињата под кои уште може да се сретне ова дрво. Кај нас започнало да се сади во експериментални цели некаде во средината на 20-ти век. Расте до 12 метри во ...

Повеќе »

Средновечните трутови се најпожелни оплодувачи

Трутовите се развиваат од неоплодени јајца. Нивниот развој трае 24 дена, односно 3 дена како јајце, фазата на ларва трае 6 дена и кукла 15 дена. Сперматогенезата кај нив започнува уште во стадиумот на ларва, а спермиогенезата завршува во стадиумот на кукла. Уште во првата недела како возрасна единка, сперматозоите се транспортираат од тестисите до семените везикули на трутот, каде ...

Повеќе »

Бела лобода-извор на полен во вистинско време

Белата лобода (Chenopodium album) е билка од родот Chenopodium. Ја има во изобилство по напуштените ниви, нивите засадени со разни поледелски култури, бавчите и покрај патиштата. Се смета за коровска билка. Во Индија е култивирана и се одгледува како зачинска билка. Кај нас за јадење обично ги користат листовите и младите изданоци, но поради оксалатите кои ги содржи, треба да ...

Повеќе »

Конвертирање на шеќерен сируп

За многумина правењето на шеќерен сируп е чиста рутина и при приготвувањето не постои рецепт до кој стриктно се држат. Но некогаш, поради најразлични причини, може да се јави потреба веќе приготвен сируп да се конвертира во нов сооднос помеѓу шеќерот и водата. Еве еден интересен начин. Доколку шеќерен сируп во сооднос 2:1 (2 дела шеќер и 1 дел вода) ...

Повеќе »

До дното со италијанска помош

Италијанската компанија Моналдо Моналди Технологија, патентираше нова мултифункциоционална пчеларска алатка-нож. Оваа алатка овозможува пристап до најнепристапните делови од кошницата и со неа лесно може да се истругаат прополисот и содржината кои се налепени на долниот дел од кошницата. Работи на принцип на расклопување и склопување. Кога е склопен, едниот крај функционира како подигач за рамки, а другиот кој е поширок ...

Повеќе »