Архива по месеци: ноември 2014

Уште една стапица за оси

Пчеларите знаат многу техники за сузбивање на осите. Преку поставување на најразлични стапици изградени од пластични шишиња, пластични туби, замки со лепак, отровни мамки и многу други иновативни техники и начини, пчеларите пробуваат да ги превенираат или намалат штетите, кои осите можат да ги предизвикаат на пчеларникот. Овој текст е наменет за уште една таква стапица, која е лесна за изработка, ...

Повеќе »

Еликсир за стимулација на матицата

Понекогаш, поради најразлични фактори, планираниот и правилен развој на семејствата не оди како што посакува пчеларот. Периодот на главна пчелна паша се наближува, а пчеларот се соочува со сериозен проблем. Во вакви ситуации се чини дека спасот е во стимулација на матицата и поттик за нејзино интензивно несење. Медно.мк Ви претставува еден стимулативен рецепт-еликсир за матицата, кој ќе помогне во ...

Повеќе »

Осите-сериозни непријатели на пчелите

На секој пчелар му е познато дека осите се големи штетници по пчеларникот и во одредени периоди од годината сериозно треба да се размислува за заштита на пчелите од нападите од оси. Осите, за разлика од пчелите, не произведуваат никаква храна и нивниот опстанок се базира на храната собрана од други инсекти или на храна прибрана при разни активности поврзани ...

Повеќе »

Четврта едукативна средба на ПЗ “Матица”-Скопје

На ден 25.11.2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија, со почеток во 17:00 часот, ПЗ “Матица” – Скопје, ќе ја одржи четвртата едукативна средба. Средбата ќе биде искористена за запознавање на членовите на здружението со програма (софтвер) за електронско водење на пчеларникот, односно за водење на електронска евиденција за секое пчелно семејство.

Повеќе »

Пумпа за вадење на матичен млеч

Продажбата на матичен млеч има голем удел во приходите остварени од продажба на пчелни производи за многу пчелари.  Но целиот процес на производство на матичен млеч бара многу посветеност, вештина, знаење и секако, неопходна апаратура. Токму таков апарат е оваа пумпа за собирање на матичен млеч, која значително ќе го олесни и забрза процесот на вадење на матичен млеч, а ...

Повеќе »

Започнаа нарачките на матици и нуклеуси во Апицентар

Репродуктивниот и тренинг центар за пчеларство „Апицентар“, од 20-ти ноември 2014 година започна со примање на нарачки за матици и нуклеуси за 2015 година. Цената на матиците од подвидот Apis mellifera macedonica е 800 денари. Матиците се обележани со плочка и содветен број со кој се следи педигрето. Матиците се спакувани во кафез за транспорт, поседуваат здравствено уверение, потврда за здравствената состојба и упаство ...

Повеќе »

Највкусниот мед е од Прилеп, најубавиот штанд од Скопје

На почетокот на третата едукативна средба на ПЗ „Матица“-Скопје, Организациониот одбор на манифестацијата „Денови на македонскиот мед -2014“ ги прогласи победниците во изборот за највкусен мед и изборот за најубавиот штанд на манифестацијата. За највкусен мед за 2014 година беше избран медот на Влатко и Светлана Атанасоски од Прилеп. После органолептичкото испитување на медот и лабораториската анализа, комисијата за оценување ...

Повеќе »

20.11.2014 – Трета едукативна средба организирана од ПЗ”Матица”

На ден 20.11.2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија, со почеток во 17:00 часот, ПЗ “Матица” – Скопје, ќе одржи Трета едукативна средба, која ќе биде посветена на начинот на пчеларење на пчелар од Прилеп. Во рамките на оваа едукативна средба, на пчеларот чиј начин на пчеларење ќе биде презентиран, ќе му биде ...

Повеќе »

Крлежот со паразитски стаж од 50 милиони години

Мал тим на научници од неколку земји, го идентификува најстариот доказ за постоење на крлежите. Работејќи на парче килибар во кој се заробени мравка и крлеж прикачен на нејзината глава, утврдиле дека примерокот е стар повеќе од 50 милиони години. Парчето килибар било пронајдено на Балтичкиот брег во Русија од еден археолог аматер. Бидејќи и крлежот и мравката се слеани ...

Повеќе »

Мамци за роеви

За пчеларот одсекогаш било предизвик да се надмудрува со пчелните роеви. Тој се обидува да размислува како пчелите во ројот, да го предвиди секој нивни потег и на крај да излезе како победник. Според многу пчелари, фаќањето роеви е како рибарењето. Без добра локација и без добар мамец, нема успех во ловот. Локациите посетувани од роевите, помалку или повеќе им ...

Повеќе »