Архива по месеци: ноември 2014

„И ние пчели за трка имаме“

Нашата држава е една од малкуте земји во светот, кои можат да се пофалат со целосна територијална покриеност од локален и автохтон подвид на пчели. Македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), освен на целата површина на Македонија, ја има и во северна Грција, делови од Бугарија, дел од Србија, Украина и Романија. Детерминирана е од Фридрих Рутнер, кој во 1988 ...

Повеќе »

ПВЦ кошница-маркетинг или футуристички чекор

Секоја иновативност во било која област, а особено во пчеларството се прифаќа со голема внимателност. Таков е и примерот со оваа пластична кошница, прво поради иновативниот и невообичаен дизајн, а потоа и поради материјалот од кој таа е направена. Но, пчеларите кои го искусиле пчеларењето со оваа кошница велат дека за кусо време оваа кошница ја стекнала нивната доверба и ...

Повеќе »

Топло чоколадо со мед

Вистинско уживање во студените денови кои претстојат. Потребни состојки: една и половина шоља млеко 2 големи лажици какао 2 големи лажици мед по избор: ванилин шеќер, ванилин екстракт, цимет, мелени лешници, шлаг, чоколадни трошки, карамел, путер и др. Млекото се става во сад и се загрева да биде врело (или се вари ако не е сварено). Во друг сад се ...

Повеќе »

Микрочипови за спас на пчелите

Со цел да се пронајдат многу одговори за угинувањето на пчелите, Технолошкиот Универзитет Вале де Белем од Бразил, на почетокот од годинава, разви многу мали микрочипови (со димензии 2,5*2,5 милиметри  и тежина од 5,4 милиграми). Идејата е овие чипови да се прикачат на грбот на пчелите, со цел да се анализира нивното однесување под влијание на пестициди и промена на ...

Повеќе »

Видео: контрола и броење на Вароа

Постојат повеќе техники и методи за контрола на заразеноста на пчелите со крлеж. Иако сите даваат задоволувачки резултати, некои од нив се скапи и бараат доста искуство, додека други се едноставни за изведување на пчеларникот, не се скапи и не бараат голема стручност и посбни вештини. Во видеото подолу, прикажани се два едноставни начини за контрола на заразеност и броење ...

Повеќе »

Иницијатива за спречување на продажба на фалсификуван мед

На 13/11/2014 година, ПЗ „Матица“-Скопје својата втора по ред работна средба во сезоната 2014/2015, ќе ја посвети на изнаоѓање начини и методи за заштита на медот од фалсификување, спречување на продажба на таквите фалсификати и спречување на вештачки добиените фалсификати на мед да бидат пуштени во промет со назнаката „мед“. Причината за оваа иницијатива е тоа што во последно време ...

Повеќе »

Покана за учество на Меѓународниот натпревар на пчеларски фотографии на ЧЗС

Пчеларскиот сојуз на Словенија (ЧЗС), ги поканува сите заинтересирани да земат учество во Меѓународниот натпревар на фотографии поврзани со пчеларството за 2014 година. На натпреварот чиј организатор е Пчеларскиот сојуз на Словенија, поканети се пчеларите од цел свет, фотографите и сите други кои имаат желба да учествуваат на овој настан преку испраќање на досега необјавени фотографии. Натпреварувачите треба да се ...

Повеќе »

Имаме ли услови за профитабилно пчеларство?

Постојат ли услови за успешно и профитабилно пчеларење во Македонија? Дали и колку науката е вклучена и може да помогне за постигнување на подобри резултати во пчеларството? На овие и уште неколку прашања, во емисијата Профит, емитувана на Наша ТВ, а посветена на пчеларството, одговара Проф. Д-р Мишо Христовски. Според него, причините за лошата ситуација во која се наоѓа македонското ...

Повеќе »

ПЗ „Матица“-Скопје: 2014 лоша пчеларска година

„Генерален впечаток е дека изминатата пчеларска сезона во поглед на медоберот е катастрофална“-беа завршните зборови на претседателот на ПЗ „Матица“-Скопје, Павле Бошкоски, по дискусијата од првата точка од дневниот ред, откако  членовите на здружението, на  првата работна средба за сезоната 2014/2015 ги изнесоа своите впечатоци и резултати од медоберот и состојбата со пчелните семејства во изминатава сезона. Членовите на здружението ...

Повеќе »

АпиЕкоФлора 2014-сплотување на науката и пчеларството

Пчеларство, екологија на растенијата и биодиверзитет во пчеларството ќе бидат главните теми на кои ќе се дискутира од 6-8 ноември во Рим, на вториот по ред Меѓународен симпозиум АпиЕкоФлора и Биодиверзитет, спонзориран од Меѓународната пчеларска асоцијација Апимондија во соработка со Италијанската пчеларска федерација и Универзитетот Тор Вегата од Рим. На симпозиумот ќе присуствуваат делегати од цел свет, повеќе италијански универзитети ...

Повеќе »