Архива по месеци: декември 2014

Клукајдрвецот-зимски непријател на пчелите

Во периодот на зимското мирување на пчелите, на пчеларникот можат да се појават повеќе штетници, кои освен што го нарушуваат мирот во пчелната кошница, можат и да доведат до целосно угинување на семејството и покрај тоа што пчеларот ги превзел сите неопходни апитехнички мерки за успешно презимување на пчелното семејство. Еден од таквите пчелни штетници е и шарениот клукајдрвец. Пчелите ...

Повеќе »

Осма едукативна средба на членовите на ПЗ „Матица“-Скопје

На 25/12/2014 година, во просториите на Сојузот на Стопански комори во Скопје, ќе се одржи осмата по ред средба на членовите на ПЗ „Матица“-Скопје. Во едукативниот дел од средбата, со своја презентација ќе настапи Драги Спасенцовски, искусен пчелар од Скопје, кој ќе ги претстави начините и техниките на пчеларење и производство на матици на својот пчеларник. Дел од средбата ќе ...

Повеќе »

Пчелите и зимскиот солстициум

Зимскиот солстициум или зимската краткодневница го означува времето од годината кога ноќта е најдолга, а денот најкраток. Тогаш дневната максимална сончева височина на небото е на најниско можно ниво.  На северната хемисфера тогаш настапува и зимата. Оваа година таа настапува на 22 декември во 00.03 часот. Веднаш по зимскиот солстициум,  денот почнува незабележително да расте сè до пристигнувањето на пролетта. Зимскиот ...

Повеќе »

Хронологија на населувањето на европските пчели во светот

Со пронаоѓањето на првите вештачки живеалишта, започнало и пренесувањето и ширењето на пчелите во разни предели и региони низ светот. Бидејќи на териториите на Јужна и Северна Америка немало медоносни пчели, токму на овие места биле забележани првите внесувања на европски подвидови на пчели. Во 1622 година, од Англија се донесени и населени првите европски пчели во Вирџинија. Пчелите биле ...

Повеќе »

Крема со мед за груба и испукана кожа

Од многу одамна се познати позитивните нутритивни и лековити ефекти кои ги има свинската маст. Во комбинација со чудесните својства кои ги има медот, се добива одлична, еколошки чиста и многу здрава крема за негување на груба, сува, испукана и оштетена кожа. Кремата се нанесува еднаш до два пати дневно, а резултатите се забележуваат за краток период. Потребни состојки: -100 ...

Повеќе »

Медени лижавчиња

Брз и многу едноставен рецепт за приготвување на лижавчиња од мед, кои убаво спакувани, украсени и завиткани, ќе бидат убава декорација и сладок подарок за најмладите посетители на пчеларскиот штанд, декорација на празничната трпеза и „таблета“ за смирување на кашлицата и проблемите со сувото грло. Потребни состојки: -една шоља мед -пластични или дрвени стапчиња за лижавчиња – по можност: термометар ...

Повеќе »

Успешно презентирани пчеларски трудови на Студентската смотра

„Ваквите настани се од големо значење, бидејќи преку нив спознаваме со каков капацитет располагаат нашите студенти. За нас, тоа е од особено голем интерес затоа што од ваквите средби и од авторите на ваквите трудови се регрутира идниот потенцијал на факултетот и идните наставно научни работници од областа на земјоделството„-рече денес деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје, ...

Повеќе »

Пчеларски теми на Студентската смотра на научни трудови

На традиционалната 6-та Студентска смотра на научни трудови, во организација на Студентскиот Парламент и Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која ќе се одржи на 15/12/2014 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, покрај останатите трудови ќе бидат и презентирани неколку трудови од областа на пчеларството. Презентери на трудовите ќе ...

Повеќе »

Едноставна, но функционална пчеларска количка

Постојат многу комерцијални алатки и колички за преместување на кошниците во кругот на пчеларникот поради најразлични пчеларски операции. Сите пчелари, особено хобистите, не можат да си дозволат вакви скапи инвестиции. Медно.мк Ви презентира еден едноставен, но функционален тип на пчеларска количка, кој не чини многу и нема да влијае многу на пчеларскиот буџет. Евтините материјали од кои е изработена, многу ...

Повеќе »

Инхалаторна апитерапија

Поради сè позагадениот воздух кој го дишиме, зачестени се појавите на респираторни болести, алергии, астма, белодробни воспаленија и сл. Ваквите појави, особено се изразени кај децата и повозрасната популација. Решението за елиминирање или намалување на овие респираторни потешкотии многумина го пронашле преку вдишување на воздух директно од кошниците полни со пчели. Инхалаторната апитерапија била позната уште во времето на Египќаните. ...

Повеќе »