Архива по месеци: март 2015

Повеќенаменска пчеларска работна маса-Би Мастер Плус

Мултифункционалната пчеларска работна маса е изум кој доаѓа од нашиот јужен сосед, а е патентиран од Антонис Антонијадис. Патентното име на оваа нова технологија која треба да се избори за место во пчеларските работилници е Би Мастер Плус. Функциите на Би Мастерот се наменети за пчеларските рамки и дозволуваат истовремено на него да се извршуваат повеќе активности како што се ...

Повеќе »

Систем за стимулативно хранење без отварање на кошницата

Периодите од годината кога е потребно стимулативно прихранување на пчелите можат да претставуваат вистинско оптеретување за пчеларот. Отварањето, односно отклопувањето на секоја кошница, полнењето на хранилката со мало количество на сируп и повторното враќање на капакот одземаат драгоцено време. Со цел да се намали потрошеното време, но и вознемирувањето на пчелите, пчеларите развиле широка палета на идеи токму за оваа ...

Повеќе »

Ловорот обезбедува полен, нектар, но штити и од вароа

Ловорот (Laurus nobilis) е билка која егзистира во услови на медитеранска клима. Тоа е повеќегодишна зимзелена билка, со тесни, зашилени и паренхиматозни листови. Расне во облик на грмушка или дрво во висина од околу 10 метри. Листовите содржат етерични масла поради кои ова растение има пријатен мирис. 50% од етеричните масла отпаѓа на цинеолот, а остатокот од маслата го сочинуваат ...

Повеќе »

Процентот на зимски загуби во Германија далеку над просекот. Пчеларите најавуваат тешка сезона

Загубите на пчелните семејства во текот на зимата во Германија се далеку од очекуваните и просечните бројки. Состојбата со високата смртност е скоро идентична во сите региони низ државата, па од Германската пчеларска асоцијација најавуваат дека треба да се очекува скромен медобер. Претседателот на Националното здружение на пчелари од Хесен, Манфред Риц, изјави дека нормалната стапка на смртност и угинување ...

Повеќе »

Менување на матицата во пчелното семејство

Менувањето на матицата е  еден од условите на пчелното семејство да не влезе во роидбен нагон (млада матица). Потребни материјали и опрема: кафез, шеќерно тесто и прскалка во кој има сируп кој мириса на маточина или лимон. Замената на матица се врши на следниот начин: Пчелното семејство го обезматичуваме, ја вадиме старата матица, односно една ноќ семејството е без матица. ...

Повеќе »

Селидбено пчеларење на пловечки пчеларник

Со 40 кошници сместени на кровот на својот брод, германскиот пчелар Франк Георге постојано пчелари селидбено на езерата во околината на Вердер, Германија. Опуштено седнат на палубата на своето бродче, со кренати нозе и повремено рибарење, 57 годишниот инженер ужива во убавините на езерата очекувајќи пчелите да донесат солидни приходи од пашата во чија близина тој се закотвил. Веќе пет ...

Повеќе »

Избран новиот претседател на ПЗ „Матица“-Скопје

На Изборното собрание на ПЗ „Матица“-Скопје одржано на 3-ти март 2015 година во Скопје, беше избран новиот Претседател на здружението. Пчеларите имаа можност да избираат помеѓу двајца претседателски кандидати, предложени од самото членство, односно Александар Михајловски и Јане Марков. Во на моменти напната атмосфера, но на фер и регуларно гласање, со 41 глас наспроти 30 гласови, за Претседател на здружението ...

Повеќе »