Да ги намамиме пчелите да ја лоцираат поилката, слетувалиштето ќе го намачкаме со разблажен мед или ќе посипеме малку шеќер.
Тука ќе направам и еден мал експеримент, така што во друг сад со вода и шеќер ќе додадам и малку сол…
По поставување на поилките, за половина час е пристигната првата пчелка…
…а потоа и втората…
И за два часа пчелите ја лоцираат поилката со вода…
Но што се случува тука?! Се гледа дека на садот во кој додадовме само шеќер нема ниедна пчелка…
а додека кај садот во кој што има сол и шеќер бојот на пчели посетителки постепено се зголемува…
И фотографија на која може да се видат двата сада…
Од ова доаѓаме до заклучок дека солта е многу битна за правилен развој на пчелите. Во пролетниот период во ПОИЛКИТЕ се става 5 грама сол на 1 литар вода, во овој случај јас имам ставено 3 грама на 1 литар вода или 30 грама на 10 литри вода.
Зошто е потребно да се стават ПОИЛКИ? Во недостаток на сол пчелите овој недостаток го надополнуваат така што ако во близина има сточарски фарми каде се одлива урината, пчелите масовно ја посетуваат односно пијат од урината. Ова укажува дека во недостаток на НАТРИУМ ХЛОРИД, пчелите овој недостаток го бараат на места каде животните уринираат.
Пчелите кои земаат вода во која има сол, имаат повеќе легло и не патат од мајска болест (запек).
Многу е важно да се знае и количината на сол во ХРАНИЛКИТЕ кога се прихрануваат друштвата. Тогаш во ХРАНИЛКИТЕ на 1,5 сируп во однос 1:1 се додава 1 грам сол.
ВАЖНО: треба да се разликува поимот ХРАНИЛКА и ПОИЛКА.
Фотографии: Марјан Петровски