Aethina tumida закана и по пчелите во Швајцарија

Швајцарските ветеринарни служби масовно ги мобилизираат тамошните пчелари и превземаат сериозни  мерки за рано откривање на присуство на малата кошничка бубачка. Во програмата за активно следење на заразеност со овој штетник, наречена APINELLA, вклучени се 180 швајцарски пчеларници кои секоја втора недела се контролираат за присуство на малата кошничка бубачка. Резултатите од мониторингот и контролите се внесуваат во заедничка база на податоци од каде се достапни за секој пчелар. Ваквиот начин на следење на резултатите од сите региони, овозможува навремено да се превземат соодветни мерки за заштита и методи на делување. Дополнително, секој пчелар кој ќе ја забележи малата кошничка бубачка на својот пчеларник, задолжително мора да ги извести кантонските ветеринарни власти. Тешкото откривање на инфицираноста на пчелните семејства со бубачката, бурниот и инвазивен ток на заразеноста, како и отежнатото справување на италијанските ветеринари и пчелари со инвазијата на малата кошничка бубачка во Италија се причина за ваквата загриженост и зголемените активности на швајцарските ветеринарни служби.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.