Категорија: Uncategorized

  • Сè што треба да знаете за селењето на пчелите (Видео)

    Сè што треба да знаете за селењето на пчелите (Видео)

    [dropcap]С[/dropcap]елидбата на пчелните семејства е нешто без што современото пчеларење не може да се замисли. Селењето е сложен процес, кој за да биде успешно изведен, бара исполнување на повеќе елементи (соодветни превозни средства, човечки ресурси, временски рокови, одредени административни процедури и др.). Искусниот пчелар Љупчо Станковски, во емисијата за земјоделство Агроспектар, во видеото подолу во детали објаснува за потребата, начинот, методите и сè она што е потребно за правилно селење на пчелите.

  • Македонските пчелари се залагаат за развој на апитуризмот

    Македонските пчелари се залагаат за развој на апитуризмот

    [dropcap]З[/dropcap]адоволство кое ќе ве научи што е вистински мед, како се произведува и каде можете да го купите, е накратко идејата на апитуризмот за чиe развивање се залагаат македонските пчелари.

    Тие порано велеа – „вистинскиот мед брзо кристализира, по тоа ќе го препознаете“. Но, денес предупредуваат дека веќе и фалсификуваниот ја има сосема истата особина. Толку е изверзирано неговото производство, што потрошувачите во никој случај не можат да направат разлика, ниту да забележат дека купуваат тегла полна гликозен сируп, освен ако не консултираат експерт.

    Од една страна, тие се измамени, а од друга, се создава нелојална конкуренција која практично ги уништува сертифицираните, вистински производители.

    – Во Македонија има многу квалитетни производители. Тие треба да имаат шанса да дојдат поблиску до своите купувачи, кои, пак, имаат право да знаат што консумираат, вели Нацо Јовчевски, пчелар од битолско Дихово.

    Според него, пазарот е полн со фалсификувани пчелни производи.

    – Органските производители кои поседуваат сертификати за квалитет на медот се неконкурентни на пазарот, бидејќи фалсификаторите го нудат лажниот мед по многу ниски цени. Наместо корисни состојки, лажниот мед содржи само шеќер и нема никакви лековити својства. Сметаме дека нашите производи не се доволно заштитени од измами, нагласува Јовчевски.

    Тој порачува, мед да се купува само од проверени производители кои пчелините семејства ги чуваат во чиста околина и не користат додатоци во нивната исхрана, а не од зелените пазари или по патиштата.

    – Македонија треба да развива апитуризам, нешто што западните земји го негуваат подолго време. Преку апитуризмот, купувачите ќе се едуцираат каде да најдат вистински и квалитетен мед. Нашите села се идеални за рурален туризам, подвлекува Јовчевски кој се подготвува да почне туристички тури во неговиот пчеларник во Дихово и да го воведе словенечкото искуство – пчеларниците лоцирани во најчистите предели да бидат дел и од медицински туристички тури, за болни од астма.

    pcelarnik bn

    Јовчевски има 150 пчелни семејства, а производството на мед, матичен млеч и полен веќе прераснал во фамилијарен бизнис. – Сепак е потребна поголема промоција, по примерот на многу од државите каде се развива апитуризмот. Сите кои ја сакаат природата да можат да дојдат во пчеларникот, да посетат работилници, да дегустираат вистински мед, да научат за производството, а ако сакаат и да учествуваат во дел од процесот, потенцира Јовчевски.

    Произведува два до три тони мед годишно, но не може да извезува бидејќи се бараат најмалку над 20 тони. Ако се надмине проблемот со фалсификаторите на мед, пчеларството, вели, може да биде многу профитабилна дејност. За таа цел треба да се форсираат земјоделските задруги, бидејќи здружени, пчеларите ќе бидат поконкурентни на пазарот, а ќе можат да обезбедат и доволни количини за извоз.

    – Пчеларството е добар бизнис за младите, може да се живее и да се заработи, но најважно е да се стави крај на нелојалната конкуренција. Најважно е што пчеларите секој ден се во природа, зашто пчели се одгледуваат во најчистите предели. Пчеларењето и консумацијата на чист мед го подобруваат здравјето, заклучува Јовчевски.

    Јовчевски е член на Здружението за заштита на македонската медоносна пчела и член на президиумот „Макби“ поддржан од Слоу фуд.

    Извор: TV Nova

    Фотографии: Facebook.com/BeekeepingBN

  • Второ третирање со оксална киселина (Видео)

    Второ третирање со оксална киселина (Видео)

    [dropcap]О[/dropcap]вој период треба да се обрне особено внимание на вароата, бидејќи подоцна може да има сериозни последици, препорачува Раде Каранфиловски, искусен пчелар од Битола. Тој во емисијата за земјоделство „Бразди“, ги објаснува најновите препораки во однос на летното третирање на крлежот со оксална киселина. Во интервјуто ја образложи потребата за ова летно третирање, како и начинот на подготовка на растворот за второ третирање со оксална киселина.

    Освен за вториот третман со оксална киселина, Каранфиловски зборува и за состојбата со пчелните семејства во досегашната пчеларска сезона и активностите на пчеларникот во периодот што следи.

  • Пчеларите влегоа во националната програма за рурален развој

    Пчеларите влегоа во националната програма за рурален развој

    [dropcap]В[/dropcap]родија плод преговорите на пчеларите со ресорното министерство. Во иднина пчеларите ќе може да ја користат Националната програма за рурален развој за набавка на опрема, сандаци и сл. Исто така има најава за намалување на ДДВ – то при набавка на потребна опрема за пчеларење.

    Набавка на пчеларски машини, центрифуги и останата опрема потребна за пчеларење пчеларите ќе може да набавуваат преку Националната програма за рурален развој или позната кај земјоделците како програмата 50 : 50. Прифатени се барањата на пчеларите да може да ја користат оваа програма. За многу пчелари проблем беа  високите граници за парични средства во ИПАРД програмата, со кои требаа сами да учествуваат, што не е случај во Националната програма, изјави за ТВ Орбис Менде Трајковски, пчелар од Битола, а кој од скоро е и претседател на Сојузот на пчелари на Македонија.

    Од Сојузот велат дека се во преговори за намалување на ДДВ – то при набавка на опрема за пчеларење исто како и кај останатата земјоделска опрема од 18% на 5%. Како што информира Трајковски и за ова има позитивна најава.

    https://www.youtube.com/watch?v=yxQGADGDhdY

    Извор: ТВ Орбис

  • Најава за основање на Пчеларска Федерација на Македонија

    Најава за основање на Пчеларска Федерација на Македонија

    [dropcap]И[/dropcap]ницијативниот Одбор за основање на Пчеларска Федерација на Македонија, најави дека на 26 декември 2015 година, во 11:00 часот во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, ќе го одржи Основачкото Собрание на новиот пчеларски субјект во Република Македонија. Иницијативниот одбор го сочинуваат повеќе пчеларски здруженија од целата држава кои функционираат на локално ниво.

    Одборот за основање ги поканува сите здруженија кои тежнеат да го подобрат македонското пчеларство да пријават свое учество преку свои делегати и на тој начин да ја поддржат новата федерација.

    На Основачкото собрание ќе бидат дефинирани целите на федерацијата, предвидено е да биде донесен Статутот на федерацијата и да се изберат претседателот и управувачките органи на Пчеларската Федерација на Македонија.

  • „Пчеларски ден – знаење и дружење“ во организација на MacBee

    „Пчеларски ден – знаење и дружење“ во организација на MacBee

    [dropcap]М[/dropcap]акедонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела – MacBee, ги поканува сите заинтересирани да го посетат  настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“.  Настанот кој е во организација на MacBee, освен едукативниот карактер, ќе биде и можност здружението MacBee транспарентно да ги запознае македонските пчелари со своите активности.

    Настанот ќе се одржи на 20 декември 2015 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

    Централна тема на „Пчеларски ден – знаење и дружење“ ќе биде предавањато на проф. д-р Никола Кезиќ, посветено на болестите на пчелите и практичното пчеларство. Проф. д-р Кезиќ, долгогодишен професор на Земјоделскиот факултет во Загреб, Хрватска, кој важи за еден од најреномираните научни работници во пчеларството на Балканот и во Европа, со сигурност ќе го задржи вниманието на посетителите на настанот.

    Комплетната програма на „Пчеларски ден – знаење и дружење“, како и начинот на пријавување на учеството, погледнете ги во флаерот – соопштение за „Пчеларски ден – знаење и дружење“.

    Превземено од www.macbee.org

  • Д-р Јане Марков, претседател на ПЗ „Матица“: Променливите надворешни температури можат да предизвикаат стрес кај пчелите (Видео)

    Д-р Јане Марков, претседател на ПЗ „Матица“: Променливите надворешни температури можат да предизвикаат стрес кај пчелите (Видео)

    [dropcap]Т[/dropcap]оплото време кое го зафати регионов, може да биде незгодно за пчелите. Потрошувачката на храна се зголемува поради големиот број на снесени јајца од страна на матицата, а со нагло заладување на времето постои можност пчелите да ги напуштат снесените јајца и младото легло, поради што лесно може да се појават и болести, вели д-р Јане Марков, пчелар и претседател на пчеларското здружение „Матица“-Скопје во делот од емисијата „Бразди“ на Канал 5 ТВ, посветен на пчеларството.

    Во разговорот, д-р Марков зборува и за проблемите со кои се соочуваат пчеларите во моментов, за помошта од државата наменета за пчеларите, ги советува потрошувачите на мед како правилно да набават чист и квалитетен мед, а колегите пчелари ги потсетува кои активности се изведуваат на пчеларникот во периодот што следува.

    Видеото со разговорот погледнете го подолу

  • Нови случаи на Aethina tumida во Италија

    Нови случаи на Aethina tumida во Италија

    [dropcap]В[/dropcap]о периодот од 16-ти септември до 16-ти октомври оваа година, во Калабрија, Италија, откриени се нови 17 случаи на присуство на возрасни единки на Aethina tumida. Се работи за 17 различни пчеларници чија местоположба е во радиус од 20-тина километри од местото каде што минатата година се појави болеста. Според италијанските ветеринарни служби, ова е зачудувачки факт, бидејќи последните заразени кошници биле забележани пред 9 месеци. Велат дека ова само покажува колку сериозно треба да се пристапува во борбата против овој паразит. Сите случаи на пчелни семејства позитивни на заразата се утврдени при редовните и законски пропишаните визуелни инспекции на кошниците.

    Засега единствениот сигурен начин на елиминирање на паразитот е со палење на кошниците со пчели, метод кој кај италијанските пчелари е проследен со голем револт, особено по нецелосно исплатените лански оштети за изгорените кошници и пчелни семејства.

    spisok it.
    Локации на пчеларниците каде е детектирана Aethina tumida
  • Пластичен декристализатор на мед

    Пластичен декристализатор на мед

    [dropcap]У[/dropcap]ште едно интересно решение за лесно и брзо декристализирање на медот. Мошне корисен во периодите со студено време. Пластичниот грејач се поставува така што се обвиткува околу надворешната страна на металниот сад во кој е сместен медот, се вклучува во струја и за неколку часа цврстиот и кристализиран мед станува течен и подготвен за пакување во тегли. Не постои ризик од прегревање на медот, а со тоа нарушување на неговата структура и претворање на корисните материи во бескорисни, па дури и штетни.

    Во соседството, овој декристализатор може да се набави по цена од околу 30-тина евра.

    grejac

  • Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

    Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

    [dropcap]П[/dropcap]челарите сè почесто ги напуштаат старите начини на третирање на пчелите против вароа при кои се користат најразлични хемиски препарати штетни по здравјето на пчелите, по квалитетот на пчелните производи, дури и опасни по здравјето на човекот, а делумно ефикасни во уништувањето на крлежите. Решението е во препаратите добиени на природна основа, а меѓу нив како еден од поефикасните е и тимолот.

    Летниот третман против вароа со тимол и шеќер во прав се изведува во период кога надворешната температура не надминува 25°С. Третманот може да се изведе на повеќе начини, но за кој од нив да се одлучи пчеларот, подготовката на мешавината од тимол и шеќер е иста. За третирање на една кошница, 6 грама тимол во прав (ако е во кристали се меле) се мешаат со 24 грама шеќер во прав. Еден начин на аплицирање на смесата е нејзино распоредување на хартија или на половина страница од весник поставена на рамконосачите. Кај овој начин третманот се повторува четири пати на секои седум дена. Друг начин е запрашување на пчелите со смесата од шеќер и тимол. Со ситно сито мешавината (30 грама) се истура врз рамконосачите и помеѓу улиците со пчели. Остатокот задржан на рамконосачите, со четката за тресење на пчели нежно се турка низ улиците запоседнати со пчели. На овој начин голем дел од пчелите се запрашени. Ако се применува овој начин, тогаш третманот се прави два пати на секои четиринаесет денови.

    timol i seker

    timol i seker2

    timol i seker3

    Според експертите од Универзитетот Ататурк во Ерзурум, Турција и Универзитетот Аристотел во Солун, Грција, ваквиот начин на комбинирано делување со шеќер во прав и тимол во прав врз крлежите, резултира со 90% морталитет на вароата, ефикасност која денес не може да им се препише на многу препарати наменети токму за борба против крлежите.