Парафинот во восочните основи без последици по пчелите

Ретко на пазарот може да се набават восочни основи, кои освен восок немаат други примеси. Најупотребуван „додаток“ при нивна изработка е парафинот. Но колку процентот на парафин во восочните основи влијае врз пчелното семејство?

Студијата направена на Институтот за пчеларство во Пулави, Полска, покажува дека парафинот нема позначајно влијание врз пчелите. Во истражувањето користени се восочни основи, изработени од восок во кој е додадено 10%, 30% и 50% парафин. Во текот на испитувањето не се забележани никакви негативни последици по пчелните семејства. Основите, без разлика на процентот на парафин, се градени нормално, немало пореметување во стандардите и димензиите на ќелиите и матиците ги занесувале нормално. Развојот на леглото на ваквите основи бил без забележани промени, а квалитетот на истото бил на задоволително ниво. Пчелите работнички излегувале на 21 ден и не е забележана никаква стапка на смртност. Секако, ова не треба да биде охрабрувачки знак за производителите на восочни основи, бидејќи многуте различни видови на парафин по хемиски состав и чистота, не ја исклучуваат можноста за штетно делување на парафинот врз пчелите.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*