Пчеларник

„Пчеларството е исплатлива инвестиција“ – Интервју на Македонско радио со „Пчеларство Митревски“

Во радио емисијата „Боите на Македонија“, емитувана на 21 ноември 2018 година на Првата програма на Македонското радио, гостуваше брачниот пар Марина и Марјан Митревски, реномирани пчелари и сопственици на пчеларската фарма „Пчеларство Митревски“. Во интервјуто тие говореа за нивните почетоци, за начинот на кој тие пчеларат, за локациите на нивните пчеларници, значењето на пчеларските здруженија, а на слушателите им ги ...

Повеќе »

Анализа на производството и на пазарот на мед и останатите пчелни производи во Република Македонија

Истражувањето под наслов „Анализа на производството и на пазарот на мед и останатите пчелни производи во Република Македонија“ презентирано во вид на постер презентација која проф. д-р Хрисула Кипријановска од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје со своите студенти Мирољуб Голубовски и Мирослав Трајковски ја претставија на Апимондија 2017 во Истанбул, Турција, го анализира производството на мед и ...

Повеќе »

Пример за успешен пчеларски бизнис – Пчеларник „Додевски“ (ВИДЕО)

Пчеларството сè повеќе се сфаќа како сериозна дејност и можност за успешен семеен бизнис. Потенцијалот и перспективите кои ги нуди државава за развој на оваа гранка се големи. Токму затоа потребна е поголема искористеност на сите ресурси, постојана едукација на пчеларите и истражување на можностите да се дојде до поголеми приноси во пчеларството. Токму на оваа тема, а и за ...

Повеќе »

Сè што треба да знаете за селењето на пчелите (Видео)

Селидбата на пчелните семејства е нешто без што современото пчеларење не може да се замисли. Селењето е сложен процес, кој за да биде успешно изведен, бара исполнување на повеќе елементи (соодветни превозни средства, човечки ресурси, временски рокови, одредени административни процедури и др.). Искусниот пчелар Љупчо Станковски, во емисијата за земјоделство Агроспектар, во видеото подолу во детали објаснува за потребата, начинот, ...

Повеќе »

Второ третирање со оксална киселина (Видео)

Овој период треба да се обрне особено внимание на вароата, бидејќи подоцна може да има сериозни последици, препорачува Раде Каранфиловски, искусен пчелар од Битола. Тој во емисијата за земјоделство „Бразди“, ги објаснува најновите препораки во однос на летното третирање на крлежот со оксална киселина. Во интервјуто ја образложи потребата за ова летно третирање, како и начинот на подготовка на растворот ...

Повеќе »

Д-р Јане Марков, претседател на ПЗ „Матица“: Променливите надворешни температури можат да предизвикаат стрес кај пчелите (Видео)

Топлото време кое го зафати регионов, може да биде незгодно за пчелите. Потрошувачката на храна се зголемува поради големиот број на снесени јајца од страна на матицата, а со нагло заладување на времето постои можност пчелите да ги напуштат снесените јајца и младото легло, поради што лесно може да се појават и болести, вели д-р Јане Марков, пчелар и претседател ...

Повеќе »

Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

Пчеларите сè почесто ги напуштаат старите начини на третирање на пчелите против вароа при кои се користат најразлични хемиски препарати штетни по здравјето на пчелите, по квалитетот на пчелните производи, дури и опасни по здравјето на човекот, а делумно ефикасни во уништувањето на крлежите. Решението е во препаратите добиени на природна основа, а меѓу нив како еден од поефикасните е ...

Повеќе »

Селидбено пчеларење, главен услов за успешно пчеларство (Видео)

Селидбеното пчеларење е нешто без кое модерното пчеларење е незамисливо. Со искористувањето на три, четири, па и повеќе паши, тројно расте можноста за зголемување на количините на пчелни производи. Во емисијата ЕУ Фармер, посветена на пчеларството, се разгледуваат повеќе можности за унапредување и модернизирање на пчеларството како и зголемување на приходите од истото. Еден од гостите во емисијата, професионалниот пчелар ...

Повеќе »

Состојбата со пчелните семејства оваа година (Видео)

Во емисијата „Бразди“, емитувана на Канал 5 телевизија, со централна тема посветена на пчеларењето, гостуваше Илчо Костадиновски, пчелар од Виница. Во разговорот беше направена анализа на досегашната состојба со пчелните семејства, актуелната ситуација со мед во кошниците, мерки на пчеларникот кои треба да се превземат овој период, техниките на пчеларење кои тој самиот ги применува, а беа дадени и препораки ...

Повеќе »

Идеја за чистење на ханемановите решетки

Ханемановата решетка е битен дел при одредени техники на пчеларење со некои типови на сандаци. Најчесто се изработени од метал, но често на пазарот се нудат и матични решетки од пластика и други материјали. Од причини познати само на пчелите, многу често на отворите на ханемановите решетки пчелите градат саќе кое доколку зафаќа поголема површина може да предизвика пречки во ...

Повеќе »