Идеја за чистење на ханемановите решетки

Ханемановата решетка е битен дел при одредени техники на пчеларење со некои типови на сандаци. Најчесто се изработени од метал, но често на пазарот се нудат и матични решетки од пластика и други материјали.

Од причини познати само на пчелите, многу често на отворите на ханемановите решетки пчелите градат саќе кое доколку зафаќа поголема површина може да предизвика пречки во движењето на пчелите и отежната комуникација помеѓу пчелите во телата поделени со матичната решетка. Токму затоа доколку при преглед на семејствата кај кои се користат ханеманови решетки се забележи дивоизградено саќе, потребно е истото да се отстрани. Чистењето на отворите на матичната решетка најчесто се врши со рачни чешли наменети за таа цел, со кои процесот оди нешто побавно или со рачен бренер со чие користење постои можност дел од восокот да се оштети.

Интересна идеја за брзо чистење на ханемановите решетки без загуби во восокот е чистење со користење на топловоздушен фен. Ваквите фенови можат да се најдат и по ниски цени, а освен за оваа намена пчеларот може да го користи и за други цели како што се топење на прополис, отстранување на боја од кошниците и сл.

fen2

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.