Мајски рутински преглед на Родна Воја и Лангстрот-Рут кошници во с. Малино (Видео)

На 25-ти мај 2015 година, гостин на пчеларникот во с. Малино и дел од репро-центарот за пчелни матици „ЕКО ПЧЕЛА“-Скопје, беше новинарот Зоран Трајчевски, кој за потребите на својата емисија „Актуелно“, која се емитува на Македонското радио, направи интервју со сопственикот на одгледувалиштето, професионалниот пчелар Борче Павлов. Новинарот, истовремено голем вљубеник во природата и почетник во пчеларењето, се запозна со капацитетите на одгледувалиштето, условите за работа и начинот на функционирање на овој бизнис. Присуствуваше на рутински преглед на дел од кошниците од типот Родна Воја.

Беше посетен и експерименталниот пчеларник на здружението „MacBee“ лоциран недалеку од репро-центарот, каде дел од членовите на здружението го запознаа новинарот со активностите и дел од проектите на здружението.

Како благодарност за успешно реализираниот пчеларски ден, Трајчевски на двете здруженија им се оддолжи со интересно видео во негова лична продукција:

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.