Менување на матицата во пчелното семејство

Менувањето на матицата е еден од условите на пчелното семејство да не влезе во роидбен нагон (млада матица).
Потребни материјали и опрема: кафез, шеќерно тесто и прскалка во кој има сируп кој мириса на маточина или лимон.
Замената на матица се врши на следниот начин:
Пчелното семејство го обезматичуваме, ја вадиме старата матица, односно една ноќ семејството е без матица.
Треба и да ги знаеме правилата за внесување на матицата во кафезот. Овој начин на внесување во кафезот е погрешен и тука може само матицата да ја повредиме! Никако не треба вака:
Знаеме дека матицата се стреми да се движи само нагоре, затоа и отворот на кафезот го поставуваме соодветно за матицата без проблем да влезе. Едноставно, матицата треба да се држи за крилцата и главата да се пикне во отворот и да се пушти, на овој начин матицата без проблем ќе влезе во кафезот:
Матицата успешно е внесена во кафезот:
Отворот го затворам со шеќерно тесто:
Кафезот го поставувам во обезматиченото семејство, но за секој случај за приемот да биде сигурен, кафезот го премачкувам со мед од обезматиченото семејство, многу важно е и како ќе се постави кафезот во семејството со цел матицата полесно да излезе од кафезот. Значи кафезот го поставуваме со отворот нагоре, никако на страна или отворот да биде кон долу.
Обезматиченото пчелно семејство го попрскувам со течноста од прскалката за да мириса на маточина или лимон:
За кратко време пчелите примамени од намачканиот мед на кафезот и шеќерното тесто почнуваат да се гостат со погачата, a матицата со својот феромон ги опива пчелите:
Следниот ден матицата е ослободена, односно излезена од кафезот:
На крај проверуваме и потврдуваме дека матицата е успешно прифатена.
Напомена: матицата се држи за крилца!
Фотографии: Марјан Петровски