Категорија: Настани

  • АпиЕкоФлора 2014-сплотување на науката и пчеларството

    АпиЕкоФлора 2014-сплотување на науката и пчеларството

    [dropcap]П[/dropcap]челарство, екологија на растенијата и биодиверзитет во пчеларството ќе бидат главните теми на кои ќе се дискутира од 6-8 ноември во Рим, на вториот по ред Меѓународен симпозиум АпиЕкоФлора и Биодиверзитет, спонзориран од Меѓународната пчеларска асоцијација Апимондија во соработка со Италијанската пчеларска федерација и Универзитетот Тор Вегата од Рим.

    На симпозиумот ќе присуствуваат делегати од цел свет, повеќе италијански универзитети ќе ги претстават своите истражувањата од областа на пчеларството, растенијата и биодиверзитетот, а свои презентации ќе имаат и претставници на Светската организација за храна-ФАО и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации.

    Главната цел на АпиЕкоФлора е да се стимулира и подобри соработката помеѓу истражувачките институции, пчеларите и пчеларските здруженија, фармерите и сите други засегнати страни, со цел да се воведат нови методи и пракси и одржливото пчеларење да се крене на повисоко ниво, бидејќи само стабилно и одржливо пчеларство може да обезбеди квалитет и квантитет во земјоделското производство.

    Комплетната програма можете да ја погледнете на официјалната интернет страна на АпиЕкоФлора.

  • Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

    Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

    [dropcap]44[/dropcap]-тиот по ред Меѓународен Пчеларски Конгрес Апимондија ќе се одржи во Теџон, Јужна Кореја, од 15 до 20 септември 2015 година. Темата на овој Конгрес ќе биде „Пчелата го сплотува светот“.

    Според Кјунхван ЈО, претседател на Организациониот одбор на 44-тиот конгрес на Апимондија, се очекуваат над 10000 учесници и посетители од 130 земји, кои ќе предаваат, дебатираат и превземат акции за промовирање заедништво и соработка во областа на пчеларството.

    Освен откривање на тајните на пчеларството, Апимондија нуди и можност за откривање на богатата култура на земјите во кои се одржува. Теџон, според Кјунхван ЈО, не е избран случајно за домаќин на најголемата меѓународна пчеларска манифестација. Тој вели дека токму во овој град се сплотуваат и коегзистираат традицијата и модерната наука и дека во овој град посетителите на Апимондија 2015 ќе доживеат едно многу поинакво и досега невидено искуство.

    Организациониот одбор на Апимондија 2015 сеуште не ја објави официјалната програма, но во јавност ги изнесе сесиите од кои ќе биде составена програмата:

    • Апитерапија
    • Биологија на пчелите
    • Пчеларството и руралниот развој
    • Економија во пчеларството
    • Опрашувањето и корисна флора во пчеларењето
    • Здравствена состојба на пчелите
    • Технологии на пчеларење и квалитет
  • На 6-ти ноември почнуваат едукативните средби на ПЗ „Матица“-Скопје

    На 6-ти ноември почнуваат едукативните средби на ПЗ „Матица“-Скопје

    Следејќи ја својата долгогодишна традиција, Пчеларското здружение „Матица“-Скопје, и оваа година организира средби на кои членовите на ова здружение ќе можат да погледнат стручни предавања и едукативни презентации од познати пчеларски имиња од Македонија и странство. Првата ваква средба е на 6-ти ноември 2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија. Почетокот на средбата е во 17.00 часот, а програмскиот дел на првата средба, како што кажа претседателот на здружението Павле Бошковски, ќе биде посветен на пчеларите-членови на здружението и нивните погледи за тоа дали и колку изминатата сезона била поволна во поглед на медоберот, сè со цел да се направи една мапа на медоносни растенија и региони поволни за пчеларење во државава.

    Цената за продолжување на членарината за веќе постоечките пчелари, како и за зачленување на нови, ќе изнесува 400 денари.